Скопје, 20 октомври 2020 година
Непрекинатото навремено објавување квалитетни статистички податоци и во специфичните околности наметнати од пандемијата на ковид-19 е клучно за економијата, особено заради носењето соодветни одлуки на економските субјекти и соодветно одредување на политиките и мерките. И покрај ковид-кризата, Народната банка и натаму остварува значителен напредок во сферата на статистиката, со клучни залагања за спроведување на највисоките и најновите меѓународни стандарди.
Ова се дел од оцените изнесени на состанокот на тимовите на Народната банка и Министерството за финансии со тимот на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

На состанокот се разговараше за досегашните заеднички проекти и за активностите коишто се планираат за следниот период. Особено беше истакнат остварениот напредок, вклучително и преку достигнувањето од страна на Народната банка на највисокиот глобален статистички стандард за дисеминација на податоци – СДДС плус. Притоа, беше посочено и на залагањата на Народната банка, којашто овој месец започна со редовно објавување и нови подетални податоци за вложувањата на резидентите во странски хартии од вредност, а за до крајот на годината се планира и првото објавување на новите податоци за финансиските сметки, во согласност со најновите стандарди.
Соработката меѓу експертските тимови на ММФ и Народната банка беше оценета како одлична, што е основа и за повеќе заеднички проекти во натамошниот период.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}