Скопје, 20 август 2022
Курсот на денарот останува стабилен, така што висококапитализираноста на банкарскиот сектор соодветствува на кредитниот рејтинг на земјава што ѝ го додели кредитната агенцијата „Стандард и Пурс“, односно „ББ -“ со стабилен изглед. Во услови на глобална криза предизвикана од ценовните пристисоци од примарните производи, потврдата на кредитниот рејтинг на земјава е силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност.
Во извештајот на кредитната агенција се наведува дека не се очекуваат промени кај фиксниот курс на денарот врзан за еврото. Во него се посочува на ефектите од растечките цени на енергенсите на девизниот пазар, при што очекувањата на „Стандард и Пурс“ се дека овие притисоци ќе се намалат со постепеното намалување на цените на енергијата. Притоа, како што наведува кредитната агенција, дополнителна поддршка на девизните резерви ќе се обезбеди преку приливите врз основа на стабилните странски директни инвестиции, како и надворешното задолжувањe на државата.
Во извештајот за кредитниот рејтинг се наведува дека врските на нашиот финансиски сектор со Русија се ограничени, заради што не се соочивме со последици од санкциите врз подружниците на руските банки. Забележуваат дека првичниот ефект од започнувањето на војната во Украина врз депозитите е стивнат, при што од страна на агенцијата се наведува дека не се очекуваат значителни нови повлекувања на депозитите или нивна конверзија во странска валута. Во извештајот се нотира и дека стапката на нефункционалните кредити останува ниска на 3%, а стапката на адекватност на капиталот е стабилна на 17%, со што тој и понатаму останува стабилен.
„Стандард и Пурс“ посочува и на досега преземените мерки на Народната банка за стабилизирање на инфлацијата, но и на зголемувањето на преференциите за располагање со домашна валута и дополнително зајакнување на капацитетот на банките за справување со шокови.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}