Скопје, 18 мај 2023 година
Ученици од 28 европски земји се натпреваруваа во Брисел, на овогодишното финале на Европскиот квиз на парите, натпревар за финансиска писменост во организација на Европската банкарска федерација.
Учесниците, на возраст од 13 до 15 години, го одмеруваа своето знаење за личните финансии со посебно внимание на долгорочното планирање, штедењето, криптовалутите, кибербезбедноста, онлајн измамите, како и кредитирањето и управувањето со приходите. Прашањата беа подготвени според насоките на ИНФЕ-ОЕЦД и Основните компетенции за финансиска писменост на младите. Претставници на нашата земја беа Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од ОУ „Мите Богоевски“ од Ресен, под менторство на Соња Стрезовска, кои своето учество на Европскиот квиз на парите во Брисел го обезбедија со победата на националниот натпревар организиран од Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, поддржано од Министерството за образование и Министерството за финансии. Нашите претставници покажаа солидни знаења, со што продолжува серијата на успешно претставување на младите од нашата земја на овој европски квиз од областа на финансиската едукација. Со оглед на учеството на националниот натпревар на близу 800 ученици од нашата земја, оваа иницијатива очигледно дава значителен придонес кон афирмација на финансиската едукација меѓу младите и подобрување на нивните знења од областа на финансиите.
Европскиот квиз на парите е најголем европски квиз за финансиска писменост наменет за ученици, којшто секоја година привлекува милиони играчи на Кахут – платформа за учење преку игра. Квизот започна во 2017 година, како дел од иницијативите за финансиска писменост на Европската банкарска федерација, при што националните натпревари станаа редовна активност во рамките на националните кампањи за одбележување на Европската недела на парите, во март секоја година. Годинава, на националните нивоа учествуваа 37504 тинејџери од цела Европа. На финалето, тимот од Грција го освои првото место, а веднаш зад нив беа тимовите на Полска и Португалија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}