Скопје, 17 април 2023
Светската банка позитивно ги оценува политиките на Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Во оваа смисла, на состанокот се разгледуваше и тековната техничка помош од Светската банка, со којашто преку повеќе проекти дополнително ќе се јакнат капацитетите на земјата и централната банка во неколку области поврзани со банкарскиот систем. Тие се однесуваат на унапредување на макропрудентната рамка, јакнење на капацитетите за кризно управување, за управување со климатските промени, како и финализирање на законската рамка за решавање банки. Исто така, во сферата на платниот систем, ќе се поддржат напорите за изработка на студија за дигитален денар. Проектите беа разгледани за време на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), за време на состаноците на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Фадил Бајрами, со високи претставници на Светската банка, потпретседателката Антонела Басани и извршниот директор на Конституенцата на која ѝ припаѓаме, Кун Давидсе.
Со носењето на Законот за финансиска стабилност, минатата година, се воспостави институционална рамка за макропрудентната политика во нашата земја и правно се регулира улогата на Комитетот за финансиска стабилност во кој се вклучени сите финансиски регулатори. Народната банка изработи и Нацрт-стратегија за макропрудентно управување, додека во следниот период во центарот на вниманието ќе биде зајакнувањето на рамката за следење на системските ризици и за носење макропрудентни политики. Во овие активности централната банка ќе добие поддршка од Светската банка.
За управување со ризиците коишто произлегуваат од климатските промени и животната средина, во врска со финансиската стабилност, Народната банка е во завршна фаза на подготовката на Зелената финансиска стратегија со поддршка од Светската банка. Исто така, Светската банка ќе обезбеди поддршка преку консултација во однос на утврдувањето на насоките коишто ќе ги издаде централната банка за комерцијалните банки при утврдувањето, управувањето, следењето и известувањето за климатските ризици, како и подготовката на „зелена контролна табла“ на показатели за ризиците. Светската банка ќе даде и поддршка за стрес-тестирањата на банките од аспект на климатските ризици, коишто се планирани за наредната година. Народната банка планира и организирање Конференција за климатските ризици преку која ќе се работи на зголемување на свеста и ќе се појаснат супервизорските насоки и препораки за банкарскиот сектор.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}