Скопје, 15 април 2023
„Македонската економија покажа отпорност на глобалните шокови. Макроекономската стабилност е задржана, поддржана од конзистентната поставеност на политиките и долгорочната стабилност на девизниот курс. И покрај притисоците од увозните цени на енергентите врз трговскиот дефицит, во 2022 година девизните резерви забележаа раст од 270 милиони евра. Со тоа девизните резерви и понатаму се на ниво коешто според меѓународните стандарди е соодветно за поддршка на стратегијата на стабилен девизен курс. Банкарскиот сектор е стабилен и не беше зафатен од скорешните глобални стресови. Стапката на инфлацијата почна да се намалува од ноември наваму и се очекува дека тој тренд ќе продолжи оваа година.“ Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој се подобрува изгледот на кредитниот рејтинг на земјава, на ББ+ со стабилен изглед.
Од „Фич“ наведуваат дека растот на инфлацијата го достигна своето највисоко ниво во октомври 2022 година и забележуваат дека трендот е надолен, како и дека се очекува опаѓање во текот на 2023 година. Ова се должи на олеснувањето на ценовните притисоци кај храната и енергентите, како и затегнувањето на монетарната политика, се наведува во извештајот.
Банкарскиот сектор остана стабилен и не беше зафатен од скорешните глобални стресови, се оценува во извештајот за кредитниот рејтинг. Соодветноста на капиталот минатата година зајакна достигнувајќи 17,7%. Нефункционалните кредити на крајот на 2022 година останаа на историски најниското ниво од 2,9%, додека стрес-тестовите на централната банка покажуваат отпорност на шокови при раст на каматните стапки и цените на енергија. Во извештајот се забележува и дека штедењето во девизи постепено се намалува меѓу другото и како резултат на мерките на Народната банка за повисока стапка на задолжителна резерва на девизната компонента во билансите на банките, што го поттикнува штедењето во денари.
Во извештајот на агенцијата „Фич“ се наведува дека надворешниот сектор е отпорен и покрај проширувањето на трговскиот дефицит, предизвикан од повисоките цени на храната и енергентите на светските берзи. Иако, ова предизвика продлабочување на дефицитот на тековната сметка на околу 6% од БДП, високите приливи на странски директни инвестиции, како и странските извори на финансирање, придонесоа за раст на девизните резерви за 270 милиони евра.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}