Скопје, 14 јануари 2023
„Минатата година дефицитот на тековната сметка на платниот биланс, според октомвриските проекции, се проценува на околу 7% од бруто домашниот производ (БДП), а на среден рок се очекува постепено намалување на околу 3% од БДП во просек. Зголемувањето на надворешнотрговскиот дефицит минатата година, главно како резултат на растот на цената на енергентите, предизвика проширување на дефицитот на тековната сметка, во услови кога останатите компоненти, а посебно приватните трансфери, имаа позитивно влијание. Трговскиот дефицит, исто така, би се стабилизирал на среден рок, што ќе доведе до стеснување на дефицитот на тековната сметка“, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска за „Блумберг“, на маргините на Форумот на Централна и Источна Европа, во организација на Еуромани.
Не се очекува значително загрозување на надворешната рамнотежа од поизразените притисоци на увозната страна, имајќи го предвид високото ниво на приватни трансфери, коишто покриваат значителен дел од трговскиот дефицит. Во првите девет месеци од 2022 година, тие достигнаа околу 1,8 милијарди евра, или за 30,5% повеќе во однос на истиот период од претходната година. За годинава се очекува дека дефицитот на тековната сметка ќе се сведе на 5,6% од БДП, а потоа и натаму ќе се намалува под претпоставка за постепено исцрпување на негативните ефекти од војната во Украина и стабилизирање на цените на енергентите. Финансиските нето-приливи во целост би го финансирале дефицитот на тековната сметка, создавајќи услови за дополнителен раст на девизните резерви на среден рок. Значајно е да се напомене дека во целиот период на проекцијата се очекува задржување на девизните резерви на соодветното ниво, коишто на крајот на декември 2022 година достигнаа 3,8 милијарди евра, што е едно од историски највисоките нивоа на девизни резерви во земјава.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}