Што се колачиња?

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња

Политиката за колачиња
logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За Народната банка
    • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
    • Органи на Народната банка
    • Совет на Народната банка
      • Седници на Советот
      • Начин на работа на Советот на Народната банка
    • Извршен одбор
    • Гувернер
    • Вицегувернери
    • Комитети
    • Корпоративно управување
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавноста
      • Соопштенија за печат
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Говори
      • Интервјуа
      • Известувања
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
      • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
      • Офицер за заштита на личните податоци
      • Соработка
    • Организациска шема
    • Стратегија
    • Програма за работа
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
        • Билтени за проекти
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • Конференција на високо ниво
      • Деветта меѓународна истражувачка конференција
        • Фотогалерија
      • 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Vienna Initiative – Full Forum (22-24 March 2023), Skopje
        • Соопштенија
        • Фотогалерија
      • 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Осма меѓународна истражувачка конференција
      • Јубилеј 30 години монетарна самостојност
      • Работилница: Најдобрите практики за управување со човечките ресурси во банкарскиот систем во Република Северна Македонија, 10-11 ноември 2021 година
      • Виртуелна регионална работилница за статистика во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, 11 декември 2020 година
      • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда
    • Финансиска едукација
    • Музеј
    • Библиотека и архив
    • Кариера во Народната банка
      • Народната банка како работодавач
      • Вработување во Народната банка
      • Практична работа во Народната банка
    • Донации
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Извршен одбор за монетарната политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
        • Аукции на благајнички записи
        • Аукции на репо-трансакции
        • Дефинитивни трансакции
      • Задолжителна резерва
      • Расположливи депозити
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
      • Ликвидносна состојба на банкарскиот систем
    • Промени на основната каматна стапка на Народната банка
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Што е финансиската стабилност и како се одржува?
    • Финансискиот систем во Република Северна Македонија
    • Податоци и показатели
      • Показатели за финансиската стабилност
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Преглед на зелени показатели
      • Календар на објавување на податоци за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
    • Поставеност на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Соопштенија од Комитетот за финансиска стабилност
      • Стратегија за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Извештаи за Комитетот за финансиска стабилност
    • Дефиниција, опфат и цели на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
    • Улогата на Народната банка
    • Макропрудентни инструменти на Народната банка
      • Заштитни слоеви на капиталот
      • Мерки насочени кон кредитокорисниците
      • Други макропрудентни инструменти
      • Одлуки за поставеноста на макропрудентните инструменти на Народната банка
      • Макропрудентни извештаи
    • Публикации
      • Извештаи за финансиската стабилност
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Анкетни истражувања
      • Анализи и работни материјали
      • Обрасци
    • Стрес-тестирање на банкарскиот сектор
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
        • Предлог регулатива за доставување податоци во системот ИСИДОРА
    • Банкарски систем на Северна Македонија
    • Организациона структура на супервизијата
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
    • Спречување перење пари и финансирање на тероризам
      • Стратешки документи
      • Закон и подзаконски акти за спречување перење пари и финансирање на тероризам
        • Закон за СППФТ
        • Подзаконски акти на Народната банка
      • Меѓународни организации и национални институции
      • Меѓународни стандарди
      • Презентации
  • Платни системи и платежните услуги
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на Народната банка во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи и платежните услуги
    • Платежни институции, институции за електронски пари и оператори на платни системи
      • Издавање дозволи
      • Регистри
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
    • Порта за иновации
    • Споредете ги надоместоците за платежните услуги
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Дизајн на новите полимерни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2023 - 2027
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматните стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматните стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • Финансиски сметки
      • Статистика на финансиските сметки
      • Должнички хартии од вредност
    • СДДС Плус - Специјален систем за дисеминација на податоци плус
    • Основни економски показатели и цени на недвижности
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
    • НБСтат - Статистички веб портал
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Најнови макроекономски показатели
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на Народната банка
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Работни материјали
      • Анализи
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
        • 29. сесија 13.6.2018
        • 30. сесија 26.9.2018
        • 31. сесија 13.12.2018
        • 32. сесија 21.03.2019
        • 33. сесија 26.6.2019
        • 34. сесија 20.9.2019
        • 35. сесија 12.12.2019
        • 36. сесија 17.09.2020
        • 37. сесија 17.12.2020
        • 38. сесија 05.03.2021
        • 39. сесија 01.07.2021
        • 40. сесија 16.09.2021
        • 41. сесија 22.12.2021
        • 42. сесија 31.03.2022
        • 43. сесија 30.06.2022
        • 44. сесија 26.09.2022
        • 45. сесија 23.12.2022
        • 46. сесија 30.03.2023
        • 47. сесија 15.06.2023
        • 48. сесија 21.09.2023
        • 49. сесија 21.12.2023
        • 50. сесија 28.03.2024
        • 51. сесија 27.06.2024
        • 52. сесија 26.09.2024
        • 53. сесија 19.12.2024
        • 54. сесија 27.03.2025
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
      • Разно
    • Библиографии
    • Стратегии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи и платежните услуги
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање, пуштање во оптек и повлекување од оптек на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на решавањето банки
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки врз основа на Законот за финансиска стабилност
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи и платежните услуги
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
    • Циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
    • Интерна регулатива
      • Интерна регулатива од областа на корпоративното управување
  • Решавање банки
    • Решавање
    • Подготвителни активности
    • Инструменти за решавање
    • Минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски (МРЕЛ)
    • Фонд за решавање
    • Вреднување
    • Законска регулатива

Скопје,13 март 2022

Со целата одговорност, Народната банка стои зад тоа дека денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен. Нема причина за промена на курсот, тоа никому нема да му користи, вели во интервју за МИА гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа посочува дека Народната банка има капацитет и инструментариум да го одбрани курсот на денарот, доколку се јави потреба за тоа, за што говорат и изминатите речиси три децении, кога низ многу кризи успешно е одржана стабилноста на домашната валута. Девизните резерви се високи и изнесуваат 3,4 милијарди евра или се на двојно повисоко ниво во однос на 2008 година, која беше година на глобална финансиска криза, а стабилноста на денарот беше успешно задржана.

Во однос на информациите дека на пазарот нема девизи, гувернерката вели дека тоа не е точно и апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите шпекулации.

– Морам да го адресирам ова прашање, бидејќи реално овие шпекулации на граѓаните им создаваат материјална штета. Сведоци сме дека, во време кога се зборува за криза, сè уште дел граѓани прибегнуваат кон претворање на заштедите во девизни или да купуваат девизна готовина. Покрај тоа, се јавуваат и шпекулации дека на пазарот нема девизи, што апсолутно не е точно. На овој начин се прави неосновна паника и граѓаните, врз основа на шпекулации, плаќаат и повисока цена за промена на валутите и губат средства, нагласува гувернерката.

Во интервјуто, гувернерката открива и дали ќе има двоцифрена инфлација и дали Народната банка планира мерки слични на оние за време на здравствената криза кога имаше времено одложување на кредитните обврски на граѓаните и на фирмите.

 

Гувернерке, руско-украинската криза очигледно дека се одразува врз економијата. Иако нема директни последици врз нашата економија, сепак растот на цените на храната и енергентите на светските берзи се чувствува и кај нас. Трошоците на живот секојдневно растат. Предвидувањата на дел од експертите се дека нè очекува двоцифрена инфлација. Колку се реални ваквите очекувања?

– Директната изложеност на нашата економија кон руската и украинската економија вистина дека е мала, но уште на почетокот, пред да ескалира конфликтот, укажавме дека индиректни ефекти се очекуваат преку цените на енергентите и храната и преку намален раст на европската економија. Ова доаѓа оттаму што нашата економија е отворена кон европската економија (77 проценти од нашиот извоз е кон ЕУ), а европската економија е изложена кон руската и украинската економија. Изложеноста е особено висока кон Русија преку увозот на енергенти, со оглед дека Русија е главниот снабдувач на ЕУ со сурова нафта, природен гас и цврсти фосилни горива. Оттаму, главните ризици за европската, а преку неа и за нашата економија, се повисока инфлација и понизок економски раст. Всушност, самата повисока инфлација се очекува дека ќе го сопре трендот на постепеното закрепнување на личната потрошувачка со што неповолно ќе се одрази врз растот.

Дека тоа е така посочуваат и последните проекции на Европската централна банка (ЕЦБ), објавени во четвртокот. Според ЕЦБ, проекцијата за инфлацијата во еврозоната е ревидирана нагоре и се очекува за оваа година да изнесува 5,1 проценти, а потоа се очекува да се намалува до нивото од 2 проценти, коешто го цели централната банка. Притоа, во одредени сценарија може да достигне и до 7,1 проценти за оваа година. Од друга страна, проекцијата за растот на еврозоната е ревидирана надолу. Во овој контекст, ЕЦБ сè уште не ја затегна монетарната политика, односно не донесе одлука за пораст на каматните стапки, а продолжи да вбризгува ликвидност во економијата, иако со нешто помал интензитет од претходно очекуваниот.

Во однос на инфлацијата кај нас, присутни се нагорни ценовни движења – феномен присутен во сите земји во моментов. Овој феномен е главно одраз на раст на светските цени на примарните производи (храна и енергија), но и погенерално раст на увозните цени на другите производи. Ова особено доаѓа до израз во економии кои се увозно зависни, односно каде значен дел од потрошувачката е увезен, како што е нашата економија. Всушност, ние сме трговски најотворена економија во регионот на Западен Балкан, а во регионот на Централна Југоисточна Европа сме петти по отвореност.

Најновите проекции на ЕЦБ за инфлацијата во ЕУ, како наш најзначаен увозен партнер, како и нагорните ревизии на светските цени на енергентите и храната упатуваат на повисока инфлација и кај нас оваа година, а потоа постепено намалување наредната година. Сепак, треба да имаме предвид дека и помалиот економски раст ќе значи и помала побарувачка за стоки и услуги.

Оттука, претпоставките се менуваат, има повеќе фактори коишто може да дејствуваат врз инфлацијата во следниот период, а какво ќе биде нивното влијание многу зависи од понатамошниот развој на кризата, интензитетот, времетраењето, новите санкции итн. Исто така, преземените фискални мерки би требало да ги ублажат краткорочните ефекти.

Доколку се јават поизразени притисоци од страна на побарувачката, не треба да има дилема дека Народната банка навремено ќе реагира со инструментариумот што го има на располагање. Дневно ги следиме случувањата дома и надвор. Најмалку еднаш месечно целосно се преиспитува поставеноста на монетарната политика. Меѓународните финансиски институции оценуваат дека Народната банка води соодветна монетарна политика.

Накусо, сè што треба да се прави – правиме. Вложуваме максимални напори со цел задржување на макроекономската стабилност, а истовремено придонесувајќи кон поволни каматни стапки за граѓаните и компаниите, односно за економијата.

 

Со инвазијата на Русија во Украина кај народот се појави страв од девалвација на денарот. Како централна банка излеговте со информација дека денарот е стабилен. Дали централната банка со сите инструменти што ѝ стојат на располагање може да гарантира дека националната валута ќе остане стабилна?

– Категорично, со целата одговорност, Народната банка стои зад тоа дека денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен. Нема причина за промена на курсот, тоа никому нема да му користи.

Имаме капацитет и имаме инструментариум да го одбраниме курсот на денарот, доколку се јави потреба. За капацитетот говорат изминатите речиси три децении, кога низ многу кризи беше успешно одржана стабилноста на домашната валута. За инструментите, иако ни стојат на располагање повеќе инструменти, ќе го истакнам најважниот – девизните резерви, кои се високи, 3,4 милијарди евра, или на двојно повисоко ниво во однос на 2008 година, кризна година, година на глобална финансиска криза, кога исто така успешно ја задржавме стабилноста на денарот. И ММФ во последниот извештај за земјава, објавен минатиот месец, посочува дека нивото на девизни резерви е соодветно на политиката на девизен курс што ја применуваме. Во извештајот, Фондот констатира дека нивото на курсот е целосно компатибилно со економските околности и политиките и апсолутно нема потреба од каква било промена.

Дополнително, централната банка има пристап до посебна репо-линија, односно дополнителна девизна ликвидност во износ од 400 милиони евра, која ни ја стави на располагање Европската централна банка уште во 2020 година. Тоа значи дека Народната банка располага со дополнителен простор за брзо и ефикасно дејствување доколку има потреба од ублажување евентуални негативни ефекти врз домашната економија и финансиските пазари, имајќи ја предвид неизвесноста на актуелната глобална економска и геополитичка криза.

Деновиве, зачестија шпекулациите во однос на побарувачката на странски валути, конкретно евра, на домашниот пазар. Морам да го адресирам ова прашање, бидејќи реално овие шпекулации на граѓаните им создаваат материјална штета. Сведоци сме дека, во време кога се зборува за криза, сè уште дел граѓани прибегнуваат кон претворање на заштедите во девизни или да купуваат девизна готовина. Покрај тоа, се јавуваат и шпекулации дека на пазарот нема девизи, што апсолутно не е точно. На овој начин се прави неосновна паника и граѓаните, врз основа на шпекулации, плаќаат и повисока цена за промена на валутите и губат средства.

Следствено, повторно би посочила, Народната банка останува на определбата за одржување на стабилноста на домашната валута и располага со доволно средства за обезбедување девизна ликвидност.

 

Со оглед на новонастанатата ситуација, може ли да се очекува дека македонската економија ќе ги достигне проекциите за раст или Народната банка ќе излезе со корекција на проекциите?

– Минатата година ја завршивме со раст којшто беше речиси во целост во линија со нашите последни проекции, во коишто предвидувавме раст од 3,9 проценти и за минатата и за оваа година. Сепак, тие проекции ги немаа предвид последните случувања во Украина, коишто предизвикуваат турбуленции на глобалните пазари. Ескалирањето на состојбите ги влошува и претходно присутните проблеми од бавните синџири на снабдување, а сите сме сведоци на тоа каква променливост предизвикува кај цените на енергијата, храната и други ресурси. Дневните осцилации и во нагорна и во надолна насока се исклучително големи. Ова покажува дека во моментов навистина се соочуваме со променливост и непредвидливост, коишто го отежнуваат прогнозирањето. Во вакви околности се менуваат и очекувањата на субјектите, а може да се зголеми и воздржаноста од потрошувачка и инвестиции.

Оттаму ризиците за економскиот раст се надолни, а во колкава мера ќе биде изразено влијанието на сите овие фактори, меѓу другото ќе зависи од понатамошниот развој на случувањата во Украина, кои тековно се многу неизвесни.

За нас, значаен фактор се случувањата и изгледите за раст на ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер, а секако и растот на увозните цени, во согласност со нивното влијание врз странската и домашната побарувачка. Во согласност со последните оценки на ЕЦБ, изгледите за економскиот раст во еврозоната се влошени, како последица на ефектите од случувањата во Украина врз цените на енергијата, довербата и трговијата, поради што проекциите за економскиот раст се ревидирани надолу за 2022 (за 0,5 п.п.) и минимално за 2023 година. Овие очекувања на ЕЦБ се темелат на претпоставка дека тековните нарушувања во снабдувањето на енергија и негативните ефекти врз довербата поврзани со воениот конфликт се привремени, без посериозен одраз врз глобалните синџири на снабдување. Со оглед на високата неизвесност од воените случувања, претпоставуваат и две алтернативни сценарија – неповолно сценарио, во случај на воведување построги санкции кон Русија, кои би се одразиле и врз глобалните синџири на снабдување, и второ, екстремно сценарио, во случај на поизразено намалување на понудата на енергија и со тоа и посилна реакција на цените на енергентите и на финансиските пазари и поизразени пренесени ценовни ефекти – според кои растот во 2022 година би бил понизок во интервал од 1,2 до 1,4 п.п. во однос на основното сценарио.

Во тек е пролетниот циклус макроекономски проекции, во рамките на кој детално ќе се разгледуваат новите информации и ризиците, по што и Народната банка ќе излезе со новите согледувања за следниот период.

 

Банкарскиот сектор се покажа како жилав во периодот на здравствената криза и покажа дека е стабилен и во време на криза. Уверувате дека тој и сега е стабилен и подготвен да одговори на предизвиците што произлегуваат од руско-украинскиот конфликт. Колку домашните банки се моќни во едни вакви сложени услови да одговорат на потребите на компаниите и граѓаните?

– Како што самите констатирате во прашањето, банкарскиот систем, како и многупати досега, потврди дека е отпорен на шокови и успешно се справи со предизвиците од здравствената криза. Истовремено, што е особено важно и би сакала да го нагласам, е дека во целиот овој период банкарскиот сектор успева да обезбеди солидна кредитна поддршка на реалниот сектор, што е значаен импулс за економското закрепнување. Токму и преку овој канал, релаксираната монетарна политика имаше и има голем придонес во поддршката на приватниот сектор во услови на криза.

Ова беа нашите оценки и очекувања уште од самиот почеток на пандемијата и истите оценки ги имаме и сега. Нив ги темелиме на повеќе показатели за банкарскиот сектор, што во Народната банка редовно се следат, некои од нив и на дневна основа. Тие покажуваат дека заштитните капацитети на домашниот банкарски сектор не само што се задржани, туку и дополнително се зајакнати во овој период. Системот има соодветно ниво на капитализираност, со стапка на адекватност на капиталот од 17,3 проценти, што е повисоко ниво споредено со пред почетокот на корона-кризата. Традиционално високата ликвидност што е одлика на домашниот банкарски сектор, исто така се одржува на солидно ниво. Кредитното портфолио е здраво, со стапка на нефункционални кредити од 3,3 проценти и бележи подобрување во однос на претпандемискиот период. Кредитирањето продолжува да расте и од почетокот на оваа година и со јануари изнесува 8,6 проценти, при што кредити се одобруваат и на населението и на корпоративниот сектор. Ова е поддржано од натамошниот раст на депозитите, коишто со јануари се повисоки за 8,5 проценти.

Не очекуваме случувањата во Украина да имаат позначително директно влијание врз домашниот банкарски сектор, што се должи на многу слабите финансиски врски што тој ги има со Русија и Украина. Дополнителен фактор е отсуството на капитал од овие две земји во домашниот банкарски сектор. Исто така, редовните стрес-тестови покажуваат дека банкарскиот систем во целина е отпорен на можни шокови. Сето ова се факти што говорат за здравоста и стабилноста на домашниот банкарски сектор. И ова не е само наша оценка, туку е забележано и во извештаите на меѓународните институции. Значи, сумирано да ви одговорам на прашањето – да, домашниот банкарски систем има капацитет и во сложени услови да одговори на потребите на граѓаните и на компаниите, и тоа најдобро се потврди за време на пандемијата. Најновите податоци покажуваат дека и овој пат е подготвен да се справи со ризиците, доколку се појават, и имаат капацитет да ја поддржат економијата.

 

Доколку има продлабочување на кризата, дали има можности банкарскиот сектор времено да ги oдложи кредитните обврски на граѓаните и фирмите, по примерот на таквата мерка на почетокот на здравствената криза?

– Регулаторните олеснувања со кои се овозможи привремено одложување на кредитните обврски беа донесени како одговор на специфичниот шок на пандемијата, за да се ублажат ликвидносните притисоци врз приватниот сектор, што беа многу нагласени во тој период и можеа да се прелеат врз солвентноста, со трајно нарушување на кредитоспособноста кај голем број клиенти. Со тоа се заштитија и билансите на банките од можно прекумерно таложење лоши кредити во краток временски период, што би ја ограничило кредитната активност. Гледано од денешна перспектива, мерките дадоа резултати со тоа што го олеснија финансискиот товар на населението и на корпоративниот сектор. Речиси две години подоцна, од воведувањето на ваквата мерка, кредитното портфолио на банките е со добар квалитет.

Би напоменала дека и без регулаторни олеснувања и во согласност со постојната регулатива, банките имаат можност да направат реструктурирање на побарувањата, односно да ги променат договорните услови на кредитот или одобрат нова кредитна изложеност за затворање на постоечката, на клиент, којшто има влошена финансиска состојба или има сигнали за влошување на неговата финансиска состојба, поради што тој не може или не би можел да ги почитува договорените услови. Ова е редовна можност, во согласност со меѓународните и европските стандарди што се вградени во домашната регулатива.

Се разбира, ние како централна банка ќе продолжиме да ги следиме случувања и соодветно ќе реагираме доколку се оцени потреба, со мерки што најсоодветно ќе одговорат на севкупната ситуација, секако со приоритет на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност, што е во основата на дејствувањето на Народната банка.

(МИА)

Билјана Анастасова-Костиќ

фото: Фросина Насковиќ  

Почетна За Народната банка Односи со јавноста Интервјуа
  • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
  • Органи на Народната банка
  • Совет на Народната банка
  • Извршен одбор
  • Гувернер
  • Вицегувернери
  • Комитети
  • Корпоративно управување
  • Цели и задачи
  • Транспарентност
  • Односи со јавноста
    • Соопштенија за печат
    • Говори
    • Интервјуа
    • Известувања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
    • Офицер за заштита на личните податоци
    • Соработка
  • Организациска шема
  • Стратегија
  • Програма за работа
  • Меѓународни односи
  • Конференции
  • Годишна награда
  • Финансиска едукација
  • Музеј
  • Библиотека и архив
  • Кариера во Народната банка
  • Донации
  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА

 

КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

EUR

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи 

5,35%

Расположлив кредит преку ноќ
5,85%
Расположлив депозит преку ноќ
3,95%

Расположлив депозит на седум дена

4,00%

  
Промени на основната каматна стапка

Стапки на задолжителната резерва на банки

Обврски со договорна рочност до 2 години:
во домашна валута
8,0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
21%
Обврски со договорна рочност над 2 години: 

во домашна валута
0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
5%
 


Операции на финансиските пазари

Аукции на благајнички записи
Аукции на државни хартии од вредност
Аукции на репо трансакции


Референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата

5,55% 

  

5,55

Каматни стапки на денарски депозити без валутна клаузула

2,73% 

СКИБОР

Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате проблем со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на телефонот за техничка поддршка: 3108 206. За останатите потреби телефонска централа 3108 108 | (контакт).

Народна банка на Република Северна Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • контакт
  • веб мапа
  • веб инфо
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • политика за колачиња
  • ЧПП
  • ново на социјалните мрежи
  • огласи за продажба на имот/отстранување отпад