Скопје, 10 јануари 2023
Според анализата посветена на Дигитализацијата на финансиите на потрошувачите и финансиското образование во Југоисточна Европа од Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД), нивото на дигиталната финансиска инклузија во земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) во последните години бележи зголемување, но во просек сè уште е на пониско ниво во споредба со земјите на ОЕЦД. Истовремено, e забележана зголемена употреба на дигиталните канали за спроведување на финансиската едукација во регионот на ЈИЕ, што овозможува поголем опфат на населението и олеснет начин на споделување на материјалите за финансиска едукација.
Во анализата, меѓу другото, се истакнува дека Народната банка на Република Северна Македонија за да ги задоволи потребите и ограничувањата на различните групи население, користи различни дигитални алатки и канали за финансиска едукација. Притоа е истакната примената на едукативните видеоматеријали. Имено, станува збор за изработени и објавени девет анимирани едукативни видеозаписи од серијалот: „Со Народната банка во светот на финансиите“. Bидеозаписите се достапни на интернет-страницата на Народната банка, социјалните медиуми и каналите на Јутјуб, како и на традиционалните канали, односно националната телевизијата, со цел да се опфати пошироката јавност. Понатаму, истакнато е одржувањето онлајн едукативни квизови коишто се организирани за учениците од средното образование, натпреварите коишто се организирани околу онлајн играта „Заработете и заштедете“ за учениците од oсновното образование и предавањата наменети за различни целни групи и организирани преку различни алатки за видеоконференции, со цел да се задоволат потребите на учесниците.
Заложбите на Народната банка за преземање активности за натамошното унапредување на финансиската писменост и финансиската инклузија ќе продолжат и во иднина.
Повеќе информации за анализата може да најдете на врската: https://www.oecd.org/financial/education/Digitalisation-of-Consumer-Finance-and-Financial-Education-in-South-East-Europe-Policy-Brief.pdf
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}