
Скопје, 5 мај 2025 година
Во рамките на втората фаза од Програмата за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан, двајца експерти од чешката централна банка беа во посета на Народната банка и ги пренесоа своите искуства во доменот на инструментите и мерките на макропрудентната политика. На средбата се разменија искуства за заштитниот слој на капиталот за системски значајните банки и за системскиот ризик, како и за примената на макропрудентните мерки за квалитетот на кредитната побарувачка. Исто така, експертите од Чешка ја презентираа својата методологија за утврдување единствен индекс за системска стабилност, како и показателите за рано предупредување коишто се користат за навремено следење на ризиците за финансиската стабилност. Соработката, дискусиите и размената на искуствата ќе траат и во следниот период, со посета на централната банка на Чешка од страна на експертите од нашата земја.
Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на институционалниот капацитет на централните банки на Западен Балкан започна во септември 2022 година. Оваа тригодишна програма ја спроведува Бундесбанката, како нејзин координатор, во партнерство со деветнаесет централни банки од Европскиот систем на централни банки и со Европската централна банка. Европската Унија издвои 3 милиони евра за Програмата од нејзиниот инструмент за претпристапна помош (ИПА III).
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}