Скопје, 3 август 2022
Тимот за финансиска едукација на Народната банка и во првото полугодие од 2022 година работеше на унапредување на финансиската писменост на населението, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари. Од почетокот на годината се одржани 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици и 88 наставници и професори од основните и од средните училишта.
Заради поголема вклученост на учениците од руралните средини, за време на одржувањето на Глобалната недела на парите, во март 2022 година, беше организиран караван во чии рамки беа опфатени 8 училишта, 443 ученици и 35 наставници од руралните предели. Во текот на првата половина на 2022 година беа одржани вкупно 15 предавања за училиштата во руралните средини, со учество од 46,9% во вкупните предавања.
Инаку, минатата, 2021 година, беше забележан рекорден број слушатели на предавањата за финансиска едукација на Народната банка, со вкупно 102 предавања на кои биле присутни 6.351 слушател, меѓу кои ученици, студенти и професори во 70 различни училишта. Поради пандемијата на ковид-19, предавањата на македонски и на албански јазик се одржуваа преку интернет.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}