Скопје, 3 јануари 2022
Заштитата на корисниците на финансиските услуги е високо во приоритетите на Народната банка. Преку зајакнување на регулативата, со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, но и со Законот за финансиски омбудсман, со кој би се формирала посебна институција којашто ќе постапува во врска со поплаките на граѓаните, ќе се гради рамка за посилна заштита на правата на потрошувачите. Ова го изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за националниот сервис МТВ.
Ангеловска-Бежоска посочува дека иако Народната банка нема експлицитен законски мандат за заштита на потрошувачите, сепак како општествено одговорна институција, презема повеќе мерки во овој сегмент. Пример за тоа е Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, која како заеднички документ беше подготвена и донесена во соработка со Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, којашто предвидува повеќе активности за зголемување на заштитата на корисниците на финансиските услуги.
„Тие активности се фокусираат на два сегмента. Едниот сегмент е финаниска едукација, чијашто цел е зголемување на информираноста на корисниците на финаниските услуги, за нивните права, но и за нивните обврски, како и запознавање со различни финаниски производи за подобра информираност и носење правилни одлуки. Вториот сегмент е подобрување и зајакнување на регулативната рамка за заштита на потрошувачите. Прв конкретен чекор за оваа цел е Законот за платежни системи, којшто ќе обезбеди значаен квалитативен скок во делот на заштитата на правата на потрошувачите при користењето на услугите за платен промет“, вели гувернерката.
Ангеловска-Бежоска истакнува дека нова активност, со којашто неодамна се започна во рамките на централната банка, а на која банката ќе работи заедно со другите финансиски регулатори, е изготвување на Законот за финансиски омбудсман, односно финансиски правобранител. Идејата на донесувањето на овој закон е воспоставување посебна институција којашто ќе постапува во врска со поплаките од граѓаните и ќе има експлицитен мандат за заштита на интересите на граѓаните.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}