Скопје, 2 декември 2023 година
Во изминативе неколку години беше постигнат натамошен значителен напредок во зајакнувањето на финансискиот сектор. Беше донесен Законот за финансиска стабилност со кој на Народната банка ѝ се даде макропрудентен мандат, а истовремено се поставија механизми за зајакната координација помеѓу сите финансиски регулатори, како и зајакната рамка за следење на системските ризици. Исто така, беше донесен и нов Закон за решавање банки, а тековно се работи на подзаконската регулатива којашто произлегува од овој закон. Заради соодветно вградување на ризиците од климатските промени во рамката за управување со ризиците во банкарскиот систем беше донесена првата Национална стратегија за зелени финансии, а беше подготвен и циркулар за банките. Светската банка обезбеди значајна поддршка за сите овие активности. Ова беше заеднички согледано на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот тим со делегацијата на Светската банка, предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шаочинг Ју, како и директорот за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, при што беше изразена благодарност од двете страни за досегашната соработка и беше изразена надеж и заложба за продолжување на успешните релации.
Посетата на потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани беше, во рамките на активностите за одбележување на триесетте години партнерство меѓу земјава и Светската банка. Во изминатите три децении, Светската банка претставува значаен партнер на Народната банка, во развојот на капацитетите и градењето на функционалната рамка за воспоставување и одржување на макроекономската стабилност. Соработката помеѓу двете институции ќе продолжи и во идниот период, особено преку натамошното јакнење на макропрудентната рамка, подготовка на подзаконски акти за операционализација на Законот за решавање банки, унапредување на платежната сфера, како и справување со предизвиците од климатските промени.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}