Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата дванаесетта седница.
Скопје, 18.12.2014 година
Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата дванаесетта седница.
На седницата, Советот на Народната банка го разгледа Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за третиот квартал за 2014 година при што беше заклучено дека закрепнувањето на домашната економија позитивно влијаеше на деловните банки. Депозитите на нефинансиските лица забрзано растеа, додека растот на кредитирањето забави, за сметка на зголемувањето на ликвидната актива. Сепак, годишните промени покажуваат забрзан раст и на кредитите. Заедно со заживеаното кредитирање во октомври 2014, промените упатуваат на тоа дека деловните банки очекуваат постепено подобрување во профилот на ризик на кредитната побарувачка, како и на подобрени преносни ефекти од досегашното монетарно олабавување. Позитивниот тренд на промени во валутниот профил на изворите на средства и пласмани на банките продолжи и во 2014 година.
Кредитниот ризик и натаму останува во фокусот на вниманието, при што во третиот квартал растот на нефункционалните кредити забрза и нивното учество достигна 12,2%. Сепак, адекватноста на капиталот која изнесува 16,5%, како и високата покриеност на сопствените средства со издвоената исправка на вредност, значи дека банкарскиот сектор и натаму е солвентен и отпорен на хипотетички шокови. Во услови на позитивни економски движења, а поаѓајќи од постојната структура и кредитно портфолио на банките, како и од ниската ризичност на кредитите кои достасуваат во наредната година, не се очекува позначително натамошно зголемување на нефункционалните кредити.
И на крајот на третиот квартал, ликвидната актива овозможува задоволителна покриеност на краткорочните обврски на банките. Профитабилноста на банкарскиот систем продолжи да се подобрува, а за тоа најмногу придонесоа намалените каматни расходи и намалената исправка на вредноста на финансиските средства на банките. Основните показатели за профитабилноста на банките, повратот на активата и капиталот се двојно зголемени и изнесуваат 0,9% и 7,6% соодветно. Исто така, видно е подобрена и оперативната способност на банките за создавање приходи коишто ги покриваат расходите од нивното работење.
На седницата беше усвоена и Програмата за работа на Народната банка на Република Македонија за 2015 година. Во програмата за работа детаљно се разработуваат планираните активности за наредната година, што овозможува поефикасно следење на статусот на остварувањето на утврдените стратегиски цели од Стратегискиот план на Народната банка за периодот од 2015 до 2017 година.
На денешната седница Советот на Народната банка на Република Македонија, врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите, ја усвои и Одлуката за пуштање во оптек кована пара за колекционерски цели „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. Кованата пара е со апоен од 100 денари во 5000 парчиња.
Во рамките на актите коишто се однесуваат на работењето на Народната банка на Република Македонија за следната година, Советот ги разгледа и ги усвои Програмата за работа на Дирекцијата за внатрешна ревизија за 2015 година и Среднорочната програма за работа на Дирекцијата за внатрешна ревизија 2015 - 2017 година. На денешната седница Советот на Народната банка на Република Македонија ги разгледа и ги усвои и Финансискиот план, Планот за инвестиции и Планот за јавните набавки за 2015 година.
На денешната седница на Советот, поради усогласување со новите Основни политики за сметководствено евидентирање и финансиско известување, беше донесена и Сметководствената политика за побарувањата и потенцијалните обврски на Народната банка на Република Македонија.
Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}