Народната банка на Република Македонија објави детални податоци за директните инвестиции во странство, по вид на инвестицијата, земјата во која се вложува и економската дејност на домашниот инвеститор, како дополнување на агрегатните податоци коишто досега беа достапни во рамки на билансот на плаќања.

Со овој чекор, на корисниците им се достапни подетални квартални податоци за следење и анализа на движењата врз основа на вложувањата на домашните инвеститори во странство, со временска серија почнувајќи од 2012 година. Во иднина, податоците ќе се објавуваат на редовна квартална основа.
Според опфатот, директните инвестиции во странство ги вклучуваат трансакциите помеѓу домашните директни инвеститори и претпријатијата - нерезиденти во кои инвестирале (т.н. фирми ќерки), без оглед на тоа дали креираат обврска кон или побарување од странство. Во рамки на директните инвестиции во странство се вклучени и трансакциите со хоризонтално поврзани претпријатија (т.н. сестрински фирми), доколку нивниот матичен (краен) инвеститор е резидент.
Подетални информации за статистичкиот опфат на податоците коишто се објавуваат, се расположливи во рамки на методолошките појаснувања за директните инвестиции на интернет-страницата на Народната банка.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}