Системски заштитен слој на капиталот
Одлуката за воведување на системскиот заштитен слој на капиталот ја носи гувернерот на Народната банка, заради ограничување на ризикот од нарушување на финансискиот систем или домашната економија, поради активностите што ги вршат една или повеќе банки во земјата или поради ризиците на кои се изложени. Обврската за исполнување на стапката на системскиот заштитен слој на капиталот може да се воведе за сите, за една или за повеќе банки во земјата. Таа може да се движи од 1% до 3% од активата пондерирана според ризиците и може да биде различна за различни банки или групи банки.
Народната банка, преку своите активности за следење на банкарскиот систем и финансиската стабилност во земјата, постојано ги идентификува и следи ризиците коишто можат да ја нарушат стабилноста на банкарскиот систем, а со тоа и финансискиот систем или домашната економија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}