20 април 2021 година
Денес се одржа големото финале на Европскиот квиз на парите. Првото место го освоија претставниците на Република Унгарија, второто место го освоија претставниците на Република Ирска, додека третопласиран е тимот на Република Словачка.
Европското финале се одржа виртуелно со емитување во живо на каналот „Јутјуб“ на Европската банкарска федерација, преку платформата „Кахут“ на англиски јазик.
На натпреварот учествуваа и нашите национални победници Благоја Трајчески и Михаил Атанасовски од основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола кои, во конкуренција од 25 тима од 174 одделенија, успеаја да го освојат првото место на националниот натпревар „Европски квиз на парите“, којшто се одржа на 24 март 2021 година.
Националното натпреварување во рамките на Европскиот квиз на парите е еден од најмасовните настани од натпреварувачко-едукативен карактер наменет за ученици, организиран во земјава изминативе неколку години.
Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука, по третпат го организира овој натпревар и е дел од овој значаен проект на Европската банкарска федерација.
|
галерија 20.04.2021 финале на Европскиот квиз на парите |
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}