достапно само на англиски јазик
Автор: Гани Рамадани
Реакции на фирмите во Македонија преку цените, платите и вработените во случај на шокови
достапно само на англиски јазик
Овој труд ги анализира факторите кои влијаат врз стратегиите на прилагодување на фирмите на неповолни шокови, со користење на податоци од анкета на фирми во Македонија. Резултатите покажуваат дека видот на пазарната конкуренција (домашна или меѓународна), присуството на колективните договори за плати на национално ниво, како и трудоинтензивноста во процесот на производство имаат различно влијание на стратегијата на фирмите при прилагодувањето на пазарот во случај на настанување на трошковен шок (на пример, пораст на цената на нафтата) или шок кај платите (како посебен вид на трошковен шок). Вториот дел на материјалот се фокусира на стратегијата за намалување на трошоците и факторите кои влијаат врз нејзиниот избор. Податоците покажуваат дека фирмите во Македонија во случај на шок (пораст на цената на нафтата или зголемување на платите) применуваат комбинација на стратегии на делумно зголемување на цените и делумно намалување на трошоците, при што околу три четвртини од фирмите применуваат намалување на трошоците кои не се поврзани со работната сила.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}