Податоците за работниците и именуваните лица во Народната банка и за другите лица на коишто им се исплаќаат надоместоци, како и податоците за практикантите се обработуваат заради остварување и исполнување одредени права и обврски, коишто произлегуваат од законската регулатива како за лицата, така и за Народната банка.
Народната банка ги обработува следниве категории лични податоци:
- име и презиме;
- податоци за контакт;
како и дополнителен сет податоци за различните категории субјекти на лични податоци, во зависност од регулативата за соодветниот тип категории на субјекти.
За овие податоци, релевантна е следнава законска регулатива:
- Законот за работни односи;
- Законот за евиденциите од областа на трудот;
- Законот за данок на личен доход;
- Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Законот за облигационите односи;
- Законот за извршување;
- Законот за високо образование;
- Законот за празниците на Република Македонија;
- Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија.
Податоците се чуваат во зависност од видот на категории субјекти и целта за којашто се обработуваат. Конечните пресметки на платата на работниците се чуваат трајно, документите поврзани со пресметката на платата се чуваат 45 години, документите поврзани со исплатата на надоместоците на физичките лица и извештаите за привремена спреченост на работа (боледувања) се чуваат 10 години, податоците на работниците во Народната банка и на работниците во Народната банка ангажирани преку агенциите за привремени вработувања се чуваат 45 години, а податоците за децата се чуваат една година по исполнувањето на целта заради коишто се обработуваат. Податоците за вработените во системот за евиденција на работното време се чуваат 3 години. Податоците на физичките лица кои не се во работен однос со Народната банка, а кои вршат работи, односно ѝ даваат услуги на Народната банка врз основа на склучен договор или друг акт се чуваат 10 години. Податоците на практикантите во Народната банка се чуваат 1 година.