достапно само на англиски јазик
Автор: Билјана Јовановиќ
Анализа на продуктивноста преку користење на податоци на ниво на фирми: случајот на Македонија 
достапно само на англиски јазик
Ова истражување е насочено кон анализа на продуктивноста преку користење на база на микро-податоци, односно податоци на ниво на фирми. Примерокот е составен врз основа на финансиските извештаи на околу 900 средни и големи фирми за периодот 2013-2016 година. Притоа, во првиот дел од истражувањето пресметани се показателите за вкупната продуктивност на факторите на производство и продуктивноста на трудот. Дескриптивната анализа на двата вида пресметани показатели покажува дека наспроти солидната динамика на раст на продуктивноста во 2014 и 2015 година, во 2016 се забележува значајно забавување на растот на продуктивноста на фирмите во рамки на избраниот примерок, а ваков тренд се сретнува и кај агрегатната продуктивност на ниво на цела економија. Сепак, треба да се има предвид дека станува збор за релативно краток период, во којшто економијата бележи намалување на невработеноста. Во вториот дел направен е обид за оцена на економетриски модел за детерминантите кои влијаат врз продуктивноста на микро-ниво. Според резултатите, постојат три фактори чие влијание е статистички значајно и по проверките за стабилност на резултатите, а тоа се: големината на фирмата, способноста за сервисирање обврски и човечкиот капитал.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}