Во периодот од 17-18 мај 2018 година, г-ѓа Маја Кадиевска Војновиќ, вицегувернер на Народната банка на Република Македонија учествуваше на престижниот Економски форум во Астана, Казахстан кој се одржа во организација на Владата на Република Казахстан, Институтот за економски истражувања на Казахстан, Комитетот за преобразување на Бретон Вудс и Групата за меѓународни стратешки партерства (ISPG). Економскиот форум се одржа на високо ниво на тема “Тековните промени во глобалниот економски амбиент”, при што разработи актуелни теми поврзани со тековните и очекувани движења во глобалната економија во следниот период со фокус на прашањата поврзани со мултилатеризмот во современиот мултиполарен свет, нагласениот протекционизам, трговските војни и ризиците за глобалниот економски раст. Вицегувернерот Маја Кадиевска Војновиќ учествуваше како панелист во рамки на сесијата насловена како “Трговски војни и растечки протекционизам: ризици за синхронизираното закрепнување на глобалната економија” заедно со министерот за финансии на Казахстан, високи претставници од глобалните банки и инвестициски фондови, професори и економски советници и истражувачи. На Економскиот форум се обратија повеќе говорници на високо ниво меѓу кои и г. Франсоа Оланд, поранешен претседател на Франција, г. Бан Ки Мун, поранешен генерален секретар на Обединетите нации, г. Романо Проди, поранешен премиер на Италија и поранешен претседател на Европската Комисија, г. Стив Вознијак, ко-основач на “Ејпл” (Apple) и други. Со учеството на вицегувернерот Маја Кадиевска Војновиќ на овој престижен Економски форум со говорници на највисоко ниво се придонесе за јакнење на меѓународната положба и угледот на Народната банка на Република Македонија.
(
pdf презентација)
(достапно само на англиски јазик)
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}