достапно само на англиски јазик
Автори: Ана Митреска, НБРСМ
Љупка Георгиевска, ФСБРРБ, НБРСМ
Гани Рамадани МПИ, НБРСМ
Предизвици за монетарната политика во развиените економии - дали регионот е различен?
достапно само на англиски јазик
Централните банки во развиените економии продолжија со понатамошно релаксирање на монетарната политика. Со тоа продолжи и олеснувањето на глобалните финансиски услови, што може да доведе до прекумерно преземање ризици и зголемување на финансиските ранливости. Монетарното релаксирање, меѓудругото е одраз и на ниската инфлација, којашто опстојува и покрај подобрувањето на условите на пазарот на труд и растот на платите во повеќе земји. Во рамки на оваа анализа, правиме обид да ја оцениме релевантноста на прашањата за финансиските ранливости и за ослабената врска помеѓу инфлацијата и платите, за земјите од регионот на Централноисточна и Југоисточна Европа. Нашата анализа покажува дека и покрај релаксираните финансиски услови, финансиските ранливости, следени преку задолженоста и на јавниот и на приватниот сектор се ограничени. Долгот на јавниот сектор во последните неколку години постепено се намалува, што покажува дека поволните финансиски услови се ползуваат за градење на фискалниот простор во регионот. Задолженоста на приватниот сектор во регионот е под праговите на ранливост. Сепак, се забележува забрзан раст на задолжувањето на населението, при што во некои земји се преземаат макропрудентни мерки за спречување на потенцијални ранливости. Во однос на инфлацијата, анализата укажува на повеќе сличности со поместувањата во еврозоната и упатува на потреба од поструктурни согледувања на промените кај инфлацијата, при преземањето на дополнителни мерки од страна на централните банки.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}