Што се колачиња?

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња

Политиката за колачиња
logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За Народната банка
    • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
    • Органи на Народната банка
    • Совет на Народната банка
      • Седници на Советот
      • Начин на работа на Советот на Народната банка
    • Извршен одбор
    • Гувернер
    • Вицегувернери
    • Комитети
    • Корпоративно управување
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавноста
      • Соопштенија за печат
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Говори
      • Интервјуа
      • Известувања
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
      • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
      • Офицер за заштита на личните податоци
      • Соработка
    • Организациска шема
    • Стратегија
    • Програма за работа
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
        • Билтени за проекти
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • Конференција на високо ниво
      • Деветта меѓународна истражувачка конференција
        • Фотогалерија
      • 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Vienna Initiative – Full Forum (22-24 March 2023), Skopje
        • Соопштенија
        • Фотогалерија
      • 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Осма меѓународна истражувачка конференција
      • Јубилеј 30 години монетарна самостојност
      • Работилница: Најдобрите практики за управување со човечките ресурси во банкарскиот систем во Република Северна Македонија, 10-11 ноември 2021 година
      • Виртуелна регионална работилница за статистика во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, 11 декември 2020 година
      • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда
    • Финансиска едукација
    • Музеј
    • Библиотека и архив
    • Кариера во Народната банка
      • Народната банка како работодавач
      • Вработување во Народната банка
      • Практична работа во Народната банка
    • Донации
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Извршен одбор за монетарната политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
        • Аукции на благајнички записи
        • Аукции на репо-трансакции
        • Дефинитивни трансакции
      • Задолжителна резерва
      • Расположливи депозити
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
      • Ликвидносна состојба на банкарскиот систем
    • Промени на основната каматна стапка на Народната банка
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Што е финансиската стабилност и како се одржува?
    • Финансискиот систем во Република Северна Македонија
    • Податоци и показатели
      • Показатели за финансиската стабилност
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Преглед на зелени показатели
      • Календар на објавување на податоци за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
    • Поставеност на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Соопштенија од Комитетот за финансиска стабилност
      • Стратегија за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Извештаи за Комитетот за финансиска стабилност
    • Дефиниција, опфат и цели на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
    • Улогата на Народната банка
    • Макропрудентни инструменти на Народната банка
      • Заштитни слоеви на капиталот
      • Мерки насочени кон кредитокорисниците
      • Други макропрудентни инструменти
      • Одлуки за поставеноста на макропрудентните инструменти на Народната банка
      • Макропрудентни извештаи
    • Публикации
      • Извештаи за финансиската стабилност
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Анкетни истражувања
      • Анализи и работни материјали
      • Обрасци
    • Стрес-тестирање на банкарскиот сектор
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
        • Предлог регулатива за доставување податоци во системот ИСИДОРА
    • Банкарски систем на Северна Македонија
    • Организациона структура на супервизијата
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
    • Спречување перење пари и финансирање на тероризам
      • Стратешки документи
      • Закон и подзаконски акти за спречување перење пари и финансирање на тероризам
        • Закон за СППФТ
        • Подзаконски акти на Народната банка
      • Меѓународни организации и национални институции
      • Меѓународни стандарди
      • Презентации
  • Платни системи и платежните услуги
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на Народната банка во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи и платежните услуги
    • Платежни институции, институции за електронски пари и оператори на платни системи
      • Издавање дозволи
      • Регистри
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
    • Порта за иновации
    • Споредете ги надоместоците за платежните услуги
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Дизајн на новите полимерни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2023 - 2027
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматните стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматните стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • Финансиски сметки
      • Статистика на финансиските сметки
      • Должнички хартии од вредност
    • СДДС Плус - Специјален систем за дисеминација на податоци плус
    • Основни економски показатели и цени на недвижности
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
    • НБСтат - Статистички веб портал
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Најнови макроекономски показатели
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на Народната банка
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Работни материјали
      • Анализи
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
        • 29. сесија 13.6.2018
        • 30. сесија 26.9.2018
        • 31. сесија 13.12.2018
        • 32. сесија 21.03.2019
        • 33. сесија 26.6.2019
        • 34. сесија 20.9.2019
        • 35. сесија 12.12.2019
        • 36. сесија 17.09.2020
        • 37. сесија 17.12.2020
        • 38. сесија 05.03.2021
        • 39. сесија 01.07.2021
        • 40. сесија 16.09.2021
        • 41. сесија 22.12.2021
        • 42. сесија 31.03.2022
        • 43. сесија 30.06.2022
        • 44. сесија 26.09.2022
        • 45. сесија 23.12.2022
        • 46. сесија 30.03.2023
        • 47. сесија 15.06.2023
        • 48. сесија 21.09.2023
        • 49. сесија 21.12.2023
        • 50. сесија 28.03.2024
        • 51. сесија 27.06.2024
        • 52. сесија 26.09.2024
        • 53. сесија 19.12.2024
        • 54. сесија 27.03.2025
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
      • Разно
    • Библиографии
    • Стратегии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи и платежните услуги
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање, пуштање во оптек и повлекување од оптек на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на решавањето банки
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки врз основа на Законот за финансиска стабилност
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи и платежните услуги
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
    • Циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
    • Интерна регулатива
      • Интерна регулатива од областа на корпоративното управување
  • Решавање банки
    • Решавање
    • Подготвителни активности
    • Инструменти за решавање
    • Минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски (МРЕЛ)
    • Фонд за решавање
    • Вреднување
    • Законска регулатива

Поздравен говор на гувернерот на Народната банка на Република Македонија м-р Петар Гошев на XIV годишно собрание на АЦИ Македонија - Здружение на финансиски пазар, во Охрид, 26.09.2009 година


Дами и господа,
почитувани членови на АЦИ - Здружение на финансиски пазари,

почитувани гости,


Чест ми е да го поздравам четиринаесеттото годишно собрание на АЦИ - Здружението на финансиските пазари, коешто се одржува во година на исклучителни предизвици како за меѓународните финансиски пазари, така и за финансиските пазари во Република Македонија. Би се осврнал на три прашања, не заборавајќи ни во еден момент на клучниот збор за успешното функционирање на финансиските пазари - довербата

1)     Кои се причините за тековната финансиска и економска криза?

2)     Како и во која мера се пренесе финансиската криза во Република Македонија? и

3)     Кои се предизвиците за наредниот период?

Најнапред да се навратиме накратко на причините на тековната финансиска и економска криза.

И Финансиската криза може да се спореди со болеста во човековиот организам. И во двата случаи, изнаоѓањето на лекот бара најнапред да се утврдат, а потоа да се лекуваат причините коишто довеле до појавата на болеста, односно кризата. Набљудувајќи ги настаните во текот на изминатите неколку години, причините за тековната криза може да ги поделиме во две широки категории: макроекономски и микроекономски. Макроекономските причини за настанувањето на тековната криза би можеле повторно да ги поделиме во две групи: а) проблеми поврзани со нерамнотежите во меѓународните побарувања и б) проблеми предизвикани од одржувањето ниски реални каматни стапки подолг период.  Првата група макроекономски причини се однесува на нерамнотежите кај тековните сметки на билансите на плаќања помеѓу одделните економии, коешто пак доведе до нерамнотежи помеѓу капиталните сметки. Во тој процес на создавање нерамнотежи, особено во декадата пред кризата, капиталот се движеше од земјите во развој кон развиените економии, а особено кон САД. Втората група макроекономски причини произлезе од предолгото одржување ниски реални каматни стапки. Притоа, историски ниските реални краткорочни каматни стапки всушност ја одразуваа прилагодливата монетарна политика насочена кон спречување на дефлацијата. А ниските долгорочни каматни стапки, пак, во голема мера ја одразуваа високата стапка на штедење во земјите извознички на капитал, особено во азиските земји во развој  и неколку земји извознички на нафта. Овие земји, во потрага по сигурни финансиски инструменти кадешто би ги пласирале своите заштеди, ја зголемија побарувачката за долгорочните државни хартии од вредност издадени од владите на развиените земји, што придонесе за намалување на долгорочните каматни стапки. Ниските каматни стапки имаа повеќесежни ефекти, вклучително засилување на кредитниот раст во голем број индустриски земји, висок раст на цените на недвижностите и акциите; и воопшто преземање високи ризици во натпреварот за повисока профитабилност.

Но, финансиската криза потврди дека постојат сериозни проблеми и на микроекономски план.  Се покажа дека постои: недоволна информираност на инвеститорите за природата и ризиците кај комплексните финансиски инструменти; погрешна мотивираност на лицата што управуваат со финансиските средства којашто произлегува од системот на наградување врз основа на остварените профити; постои проблемот на објективноста на рејтинг-агенциите, коишто даваат кредитна оцена за финансиските инструменти по нарачка на издавачот. Дополнително, се покажа дека постојат и незанемарливи проблеми на микрониво во областа на мерењето и следењето на ризиците, а коишто произлегуваат од користењето статистички модели коишто не ги земаат предвид нефреквентните настани и по подолг период на висока стабилност, „а приори“ произведуваат согледувања за глобално намалено ниво на ризик. Во рамките на микроекономските причини за појавата на финансиската криза, стигнавме и до високо фреквентната тема за „финансискиот систем во сенка“  (т.н. „Shadow Banking System“), како израз на либералистичкиот пристап за што поголема дерегулација. Сите овие макроекономски и микроекономски причини, во услови на зголемена комплексност на финансискиот систем, создадоа системски ризици, коишто се остварија во последниот квартал на 2008 година.

 

Почитувани!

Аксиоматска вистина е дека функционирањето на финансискиот систем се заснова на довербата. Практично, без неа не се може, а тоа го потврди и оваа криза. Се покажа дека таа, довербата, може многу полесно да се наруши, одошто да се возобнови. На 15-ти септември 2008 година пропадна „Леман брадерс“. Лавината на губење на довербата се забревта, во комплексниот и длабоко поврзан модерен финансиски систем. Последиците од тоа прво ги почувствуваа, сосема логично, финансискиот пазар во САД, којшто има исклучително важна улога во финансирањето на банките и на приватниот сектор. Истовремено, стана јасно дека вонбилансните активности на банките, во услови на неликвидност на цели сегменти на меѓународниот  финансиски пазар, ќе предизвикаат големи загуби, коишто ќе треба да се надоместат од капиталот на банките. Тоа, разбирливо, доведе до дополнително зголемување на недовербата во поглед на адекватната капитализираност на банките. За кусо време пазарите пресушија. Сеништата карактеристични за кризата од триесеттите (1929-1933) повторно надвиснаа, без оглед на тоа што јас се согласувам со оние што тврдат дека споредбите помеѓу таа и оваа криза се сосема несоодветни.   

Кон средината на октомври 2008 година, владите на развиените економии отпочнаа со преземање мерки за враќање на довербата во финансискиот систем. На 8 октомври, владата на Велика Британија објави комплексен план за докапитализација на банкарскиот систем. Оваа мерка следуваше по првата координирана мерка за намалување на каматните стапки преземена од страна на шесте највлијателни централни банки. Исто така, владите на земјите од евро-зоната заеднички донесоа одлука за издавање гаранции и вбризгување капитални инјекции за стабилизирање на банкарскиот систем. Кон средината на октомври и Министерството за финансии на САД излезе со објава дека ќе искористи 250 милијарди долари за докапитализација на главните банки.

Преземените мерки за стабилизирање на банкарските системи помогнаа за зауздување на глобалната криза на доверба во меѓународниот финансиски систем, но враќањето кон неа оди бавно. Затоа, проблемите од финансиската сфера се пренесоа на реалниот сектор и доведоа до глобална рецесија предизвикана пред с? од значителното намалување на приватната потрошувачка (во САД) и намалувањето на извозот (на евро-зоната и Јапонија).

Во последниот квартал на 2008, финансиската и економската криза во развиените економии се пренесе и врз земјите во развој. Им се намали извозната побарувачка, како резултат на депрецираната приватна и инвестициска потрошувачка во развиените економии. Истовремено, заради надминување на зголемениот недостиг на ликвидност на домашните пазари, одредени меѓународни банки го намалија кредитирањето кон овие земји.  Зголемената потреба за ликвидност, но и зголемената одбивност кон ризик, условија и повлекување на портфолио-инвестициите од страна на странските инвеститори. Во такви услови, земјите со висок дефицит во тековната сметка се соочија со зголемена потреба од надворешно финансирање, што во услови на висока нестабилност на меѓународните финансиски пазари беше значително отежнато. Логично, ова доведе до притисоци врз девизните курсеви на економиите со повисоки надворешни нерамнотежи.

Како и во која мера се пренесе финансиската криза во Република Македонија?

Република Македонија не остана изолирана од проблемите што го потресуваат светот, особено од крајот на 2008 година и во текот на 2009 година. Последиците од кризата во меѓународни рамки стигнаа пред с? преку екстерниот сектор, при што може да се издвојат неколку канали на нејзин пренос:

-          Брзо и остро се намалуваше производството ориентирано кон извоз, како резултат на депрецираната глобална побарувачка, додека пак надолното прилагодување на домашната побарувачка се одвиваше со побавно темпо, што доведе до помал степен на намалување на увозот (особено во последниот квартал од минатата година и првиот квартал оваа година);

-          Оваа нерамномерна динамика на намалување на извозот и увозот доведе до проширување на трговскиот јаз, а зголемувањето пак на неизвесноста и формирањето песимистички очекувања предизвикаа намалување на нето-приливите од приватните трансфери. Логично тоа доведе до зголемување на дефицитот на тековната сметка во овој период;

-          Иако не беше присутен „синдромот“ на ненадејно запирање, капиталните приливи значително се намалија, што придонесе финансирањето на тековната сметка во голема мера да падне на товар на девизните резерви;

-          Согледувањата за зголемување на макроекономските ризици предизвикаа акумулирање на девизни средства од страна на банките, засилена конверзија на денарите во девизи од страна на домаќинствата, што произведе дополнителен притисок врз девизните резерви на Република Македонија.

Според тоа, последиците од кризата не можеа да бидат одбегнати, што е разбирливо ако се има предвид големината и отвореноста на македонската економија. Со глобалната криза всушност дојдоа до израз главните слабости на македонската економија, а тоа е високата концентрираност на извозот во непропулзивни дејности, целосно зависни од движењата на светскиот пазар и секако, финансирањето на трговскиот дефицит преку ранливите и тешко предвидливи приватни трансфери. Ударот што овие две компоненти го претрпеа од падот на светската економија значеше значително проширување на дефицитот во тековната сметка, којшто во 2008 година достигна 13,1% од БДП. Овие трендови продолжија и во првиот дел од 2009 година и заедно со падот на капиталните приливи создадоа сериозни притисоци врз девизните резерви. Тоа директно се одрази врз довербата во стабилноста на домашната валута. Така, во првиот квартал од 2009 година, побарувачката за девизи беше повисока за 77% во споредба со понудата на девизи. Зголемената нерамнотежа на девизниот пазар беше избалансирана со интервенциите на Народната банка на девизниот пазар, во износ од 230 милиони евра, само во текот на првиот квартал.

Дополнително, бевме присилени да преземеме мерки за приспособување на монетарните инструменти во функција на одржување на стабилноста на девизниот курс. Кон крајот на март, донесовме одлука за зголемување на каматната стапка на основниот монетарен инструмент - благајничките записи, од 7% на 9%. Ваквата монетарна реакција беше мотивирана од потребата за зголемување на привлечноста на благајничките записи, за да се пренасочи денарската ликвидност од девизниот пазар и да се намалат притисоците врз девизниот курс. Иако по зголемувањето на основната каматна стапка на Народната банка, од почетокот на вториот квартал дојде до умерено стабилизирање на движењата на девизниот пазар и побарувачката за девизи почна да се намалува, сепак, и во текот на април и мај, интервенциите на Народната банка на девизниот пазар и натаму беа нето-продажба на девизи. Истовремено, продолжи трендот на валутна конверзија на заштедите на домаќинствата од домашна во странска валута, што упатува на тоа дека, иако по кулминацијата во март (во периодот на претседателските и локалните избори) психолошките притисоци почнуваат да слабеат, тие не се во целост исцрпени. Ваквите остварувања беа причина да интервенираме дополнително со нови мерки. Во мај, ја зголемивме стапката на издвојување на задолжителната резерва за обврските на банките коишто се со девизна компонента, и тоа: за обврските во странска валута, од 10% на 13%, и за обврските во домашна валута со валутна клаузула, од 10% на 20%. Преземените мерки треба да го поттикнуваат денарското штедење и очекуваме да предизвикаат промена на трендот на кумулирање на девизни средства од страна на банките, што би придонесло за намалување на побарувачката за девизи и за стабилизирање на девизниот пазар. И дефинитивно, дел од очекуваното веќе се случува.

Депрецираната глобална побарувачка, преку повеќе канали се одрази со пад на домашната економија и реален пад на БДП во првата половина од годината од 1,2%. Воедно, дојде и до намалување на притисоците врз инфлацијата предизвикани од увозните цени, што заедно со влегувањето во зоната на негативен производен јаз, доведе до стабилизирање на цените.  Просечната годишна стапка на инфлацијата во првите осум месеци од 2009 година е негативна и изнесува - 0,3%, што е значително надолно поместување, во споредба со претходната година.

За разлика од притисоците на девизниот пазар предизвикани од индиректниот ефект на глобалната криза, пренесен преку движењата во билансот на плаќања, на пазарот на пари во Република Македонија не беа забележани движењата карактеристични за глобалните пазари на пари карактеристични за изминатите две години. Имено, на пазарот на пари, во сегментот на неколатерализираното зајмување, во последните две години беа забележани зголемување на прометот и стабилни движења на каматната стапка, што говори дека меѓусебната доверба во банкарскиот систем на Република Македонија не беше нарушена. Така, токму во 2007 година, кога во август започна глобалната финансиска криза,  остварениот промет на пазарот на пари во Република Македонија започна да расте, при што просечниот месечен промет достигна ниво од 1.712 милиона денари и беше двојно повисок во однос на просечниот месечен промет забележан во текот на претходната година. Прометот на пазарот на пари продолжи да расте и во 2008 и 2009 година, при што просечниот месечен промет го достигна нивото од 3.813 милиони денари, односно 4.187 милиони денари, соодветно. Продлабочувањето на пазарот на пари во голем дел е резултат на активностите коишто Народната банка и АЦИ - Здружението на финансиски пазари ги презедоа во тој период: воведувањето на електронската платформа за тргување; воведувањето на меѓубанкарска каматна стапка за продавање денарски депозити пресметана од котациите на референтните банки (СКИБОР); и отпочнувањето со пресметка и објавување на меѓубанкарска каматна стапка за склучени трансакции преку ноќ од страна на референтните банки како продавачи на денарски депозити (МКДОНИА) и сл. Сите овие активности доведоа до зголемување на транспарентноста на пазарот, полесно вкрстување на понудата и побарувачката и формирање на каматните стапки врз основа на информации за состојбата на пазарот во реално време.

Ваквите стабилни движења на пазарот на пари, токму во сегментот на неколатерализираното зајмување, беа показател за тоа дека во период кога остатокот од светската економија се соочува со сериозна банкарска криза, банкарскиот систем на Република Македонија остана релативно стабилен и сигурен. За тоа придонесуваат повеќе фактори: ориентираноста на македонските банки кон традиционалните банкарски активности, насоченоста кон домашниот пазар и отсуството на користење структурирани производи и извршување комплексни финансиски активности, како и ниската зависност од странските извори на финансирање. Солвентноста на банките (изразена преку стапката на адекватност на капитал, којашто на 30.06.2009 година изнесуваше 16,4%) е видно над пропишаното минимално ниво од 8%, што обезбедува доволно капацитет да ги апсорбира евентуалните негативни шокови од натамошно зголемување на ризиците во нивното работење.

Сепак, банките во Република Македонија се исправени пред повеќе предизвици. Последиците од глобалната економска криза, коишто во Република Македонија се почувствуваа преку реалниот сектор, имаат негативно влијание и врз банкарскиот систем.

Прво, намалената економска активност и зголемените психолошки притисоци коишто произлегуваат од неизвесноста во однос на времетраењето и последиците од меѓународната економска криза, се одразија врз билансите на банките. Во текот на првата половина од 2009 година, вкупната актива на банките се намали за 0,9%, со што годишната стапка на раст се сведе на само 3%. Намалувањето на активата беше одраз на стеснувањето на депозитното јадро, коешто во истиот период се намали за 2,4%, со што и годишната стапка на промена доби негативна вредност и на 30.06.2009 година изнесуваше 0,1%. Единствено, кредитната активност на банките продолжи да се зголемува, но со многу позабавена динамика во однос на претходните години. Во првата половина на 2009 година, порастот на кредитите изнесуваше само 1,7%, а годишната стапка на раст на 30.06.2009 година се сведе на 14,4%. Паралелно со намалениот обем на активности, беа променети и валутните склоности на депонентите на банките. Тие беа изразени преку нивниот зголемен интерес за штедење со валутна компонента. Тоа доведе до дополнително зајакнување на валутната компонента во билансите на банките. На 30.06.2009 година, учеството на пасивата со девизна компонента во вкупната пасива на банкарскиот систем изнесуваше 54,7% и во споредба со 31.12.2008 година, забележа раст за 5,7 процентни поени, додека активата со девизна компонента учествуваше со 56,5% во вкупната актива на банките, што претставува пораст од 4,2 процентни поена, во споредба со крајот на 2008 година. 

Второ, намалениот обем на активности на банките, проследен со зголеменото значење на кредитниот ризик во спектарот на ризици со кои се соочуваат банките, се одрази и врз нивната профитабилност. Остварената добивка од страна на банките во текот на првите шест месеци од оваа година, во износ од 646 милиони денари, е пониска за речиси четири пати во однос на онаа остварена во истиот период, минатата година.

Трето, и покрај зголемената внимателност на банките во вршењето на кредитната активност, во првото полугодие на 2009 година продолжи трендот на влошување на показателите за квалитетот на нивното кредитно портфолио. На 30.06.2009 година, кредитната изложеност со повисок степен на ризичност (класифицирана во категориите на ризик „В“, „Г“ и „Д“) учествуваше со 7,6% во вкупната кредитна изложеност на банките. Овие движења во кредитното портфолио на банките првенствено ги одразуваат отежнатите услови за работа на домашните кредитокорисници како последица на економската криза. Меѓутоа, преку ова се потврдува и процикличниот карактер на банкарското работење и склоноста на банките, во периоди на раст, повеќе да ги релаксираат стандардите за кредитна активност, што во периоди на забавување на економската активност, преку преоцената на ризиците, води кон зголемен обем на загуби поради оштетување и воздржување од кредитирање на нефинансиските субјекти.

И последното, но клучно прашање: кои се предизвиците за наредниот период? Дефинитивно е јасно дека е неопходен сеопфатен одговор на светската финансиска (банкарска) криза. Пол Кругман (Paul Krugman), во новиот труд, во слободен превод, „Враќањето на економијата во депресија и кризата во 2008“ (The return of depression economics and crisis of 2008) пишува: „Како се појави овој втор колосален неред? По завршувањето на Големата депресија ние ја редизајниравме машината, така што ја разбравме, доволно добро, за да одбегнеме големи катастрофи на кој било начин. Банките, дел од системот што толку лошо функционираше во 1930-тите, беа строго регулирани и поддржани од силна сигурносна мрежа (safety net).

Во меѓувреме, меѓународното движење на капитал, коешто одигра попречувачка улога (disruptuve role) во 1930-тите години, беше ограничено [со помош на регулативата]. Финансискиот систем стана малку здодевен, но многу побезбеден. Потоа повторно работите станаа интересни и опасни. Растечкото движење на капитал постави основа за опустошувачки валутни кризи во 90-тите години на 20 век и за глобализираната финансиска криза во 2008 година. Растежот на „банкарскиот систем во сенка“, без какво било соодветно проширување на регулативата, ја постави основата за навалица во банките за повлекување на депозитите (bank runs) од големи размери...Тоа што треба да го направиме, јасно, е повторно да ја научиме лекцијата од нашите дедовци, што беше научена од големата депресија. Не сакам да изнесувам детали за новиот регулаторен режим, но основниот принцип треба да биде јасен: с? она, што би требало да биде спасувано за време на финансиска криза, бидејќи игра битна улога во финансискиот механизам, треба да биде регулирано така, што нема да презема прекумерни ризици. Од 1930-те години, од комерцијалните банки се бараше да имаат адекватен капитал, да држат резерви на ликвидна актива, што може брзо да биде претворена во готовина и да се ограничат видовите инвестиции што може да ги прават, с? за возврат на федералните гаранции кога работите ќе тргнат на лошо. Сега, штом видовме широк спектар на небанкарски институции што предизвикуваат голем дел од банкарската криза, споредлива регулатива мора да биде проширена кон поголем дел од системот. Ние, исто така, мора силно да размислиме за тоа како да се справуваме со финансиската глобализација.“ Активностите и пристапот на меѓународните финансиски институции, на владите и централните банки, во овој момент се слични со ваквото разбирање на одговорот за кризата. Веќе засилено се работи на измените во финансиската регулатива. Тие се насочени кон проширување на периметарот на регулативата (кон с? што може да произведе значителни ризици за финансискиот систем), но и кон намалување на нејзиниот процикличен карактер. Во таа насока веќе се работи на конкретни решенија за:  

-         Зголемување на квалитетот, конзистентноста и транспарентноста на основниот капитал. Најголем дел од основниот капитал мора да биде составен од обични акции и задржана добивка. Ќе се изготват соодветни принципи за правните лица коишто не се организирани како акционерски друштва за обезбедување висококвалитетен основен капитал којшто ќе може да се споредува со квалитетот на основниот капитал на акционерските друштва. Понатаму, одбитните ставки и прудентите филтри ќе се унифицираат на меѓународно ниво и ќе се применуваат на ниво на акционерски капитал или на негов еквивалент во случајот на правните лица коишто не се организирани како акционерски друштва. Исто така, целосно ќе се објавуваат сите компоненти на капиталот.  

-         Воведување стапка на задолженост (leverage) како дополнителна мерка на рамката Базел 2 заснована на ризици, со цел во иднина да се вклучи во третманот предвиден во Првиот столб, врз основа на соодветна анализа. За да се обезбеди споредливост, деталите за стапката на задолженост (leverage) ќе се хармонизираат на меѓународно ниво, со целосно прилагодување на разликите во сметководството.

-         Воведување минимален глобален стандард за обезбедување ликвидност за потребите на финансирање којшто опфаќа задолжителна стапка на покриеност на ликвидноста во вонредни услови (стрес-сценарија), зајакната со долгорочна стапка на структурна ликвидност.

-         Воспоставување рамка за контрациклично ниво на капитал (capital buffers) над минималното задолжително ниво. Оваа рамка ќе вклучува мерки за одржување на капиталот, како на пример ограничувања на можноста за распределба на елементите на капиталот. Базелскиот комитет ќе разгледа соодветна група показатели, како што се показателите за добивката и кредитите, како начин да се осигури градењето и користењето на нивото на капитал (capital buffers). Понатаму, Комитетот ќе се залага за начин на утврдување на резервациите којшто ќе се заснова на идните очекувани загуби. 

-         Изработка на препораки за намалување на системскиот ризик поврзан со санацијата  на меѓународно активните банки.

-         Групата гувернери и одговорни лица на супервизијата ги поддржаа долунаведените принципи за насочување на супервизорите при преминот кон повисоко ниво и квалитет на капиталот во банкарскиот систем:

-         Врз основа на рамката за контрациклично ниво на капитал (capital buffers), супервизорите треба да им наложат на банките да го зајакнат нивниот капитал преку комбинација на мерките за одржување на капиталот, вклучувајќи и активности за ограничување на прекумерните износи на исплата на дивиденди, на откуп на сопствени акции и на наградување на раководството.

-         Наградувањето на раководството треба да одговара на разумното преземање ризици и долгорочното одржливо работење, засновани на принципите за наградување  на раководството издадени од Одборот за финансиска стабилност (Financial Stability Board).

-         Банките ќе бидат задолжени да реагираат брзо во насока на зголемување на нивото и квалитетот на капиталот во согласност со новите стандарди, но така, што ќе ја поддржува стабилноста на националните банкарски системи и пошироката економија.

Со овие измени се смета дека силно ќе зајакне стабилноста на финансискиот систем. Ќе се зголеми основата за зголемување на довербата во него, како „conditio sine qua non“ за функционирањето на финансиските пазари.

Во случајот на Македонија, којашто бездруго ги следи и соодветно ќе се прилагодува на измените на светскиот финансиски систем, кризата ги потенцираше постоечките слабости на макроекономската реалност: високата увозна зависност на економијата, високата концентрираност на извозот, ранливоста на изворите за финансирање на платнобилансниот дефицит и валутниот ризик којшто лесно може да се трансформира во кредитен ризик како закана за финансиската стабилност. Затоа, на краток рок, мора да водиме сметка за одржување на соодветното ниво на девизни резерви, како услов за одржување на довербата во стабилноста на домашната валута. На среден рок, се нужни посериозни структурни прилагодувања коишто ќе доведат до стеснување на трговскиот дефицит, пред с? преку зголемен извоз, што ќе овозможи и повисоки стапки на раст на економијата и релативизирање на значењето на ранливите извори за финансирање на дефицитот на тековната сметка. Како заклучок, Македонија успеа да ја одржи довербата во финансискиот систем, односно во банкарскиот систем. Тоа беше можно благодарение на прудентните макроекономски политики и добрата супервизија над банките. Но, битката за одржување на довербата е постојан напор. Управувањето со ризиците никогаш не е завршен процес. Треба секогаш да имаме на ум дека трошоците за враќање на изгубената доверба секогаш и секаде се неспоредливо повисоки од инвестирањето во одржување на довербата.    


Ви благодарам на вниманието и ви посакувам успешна работа во наредниот период.

м-р Петар Гошев
гувернер

Почетна За Народната банка Односи со јавноста Говори Петар Гошев (2004-2011)
  • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
  • Органи на Народната банка
  • Совет на Народната банка
  • Извршен одбор
  • Гувернер
  • Вицегувернери
  • Комитети
  • Корпоративно управување
  • Цели и задачи
  • Транспарентност
  • Односи со јавноста
    • Соопштенија за печат
    • Говори
    • Интервјуа
    • Известувања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
    • Офицер за заштита на личните податоци
    • Соработка
  • Организациска шема
  • Стратегија
  • Програма за работа
  • Меѓународни односи
  • Конференции
  • Годишна награда
  • Финансиска едукација
  • Музеј
  • Библиотека и архив
  • Кариера во Народната банка
  • Донации
  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА

 

КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

EUR

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи 

5,35%

Расположлив кредит преку ноќ
5,85%
Расположлив депозит преку ноќ
3,95%

Расположлив депозит на седум дена

4,00%

  
Промени на основната каматна стапка

Стапки на задолжителната резерва на банки

Обврски со договорна рочност до 2 години:
во домашна валута
8,0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
21%
Обврски со договорна рочност над 2 години: 

во домашна валута
0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
5%
 


Операции на финансиските пазари

Аукции на благајнички записи
Аукции на државни хартии од вредност
Аукции на репо трансакции


Референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата

5,55% 

  

5,55

Каматни стапки на денарски депозити без валутна клаузула

2,73% 

СКИБОР

Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате проблем со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на телефонот за техничка поддршка: 3108 206. За останатите потреби телефонска централа 3108 108 | (контакт).

Народна банка на Република Северна Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • контакт
  • веб мапа
  • веб инфо
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • политика за колачиња
  • ЧПП
  • ново на социјалните мрежи
  • огласи за продажба на имот/отстранување отпад