
ПОКАНА
На 12 декември 2019 година (четврток), во просториите на Народната банка, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 35. сесија на Клубот на истражувачите.
Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 21 ноември 2019 година (четврток).
Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот, можат да го најават своето присуство најдоцна до 11 декември 2019 година (среда) на е-адресата: [email protected].
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}