
БИОГРАФИЈА
Петар Гошев
Роден: 9 мај, 1948, Пирава, Република Македонија.
Образование:
Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, во 1971 година.
Магистрирал во 1983 година на студиумот за “Економски развој со методи на економска анализа”.
Познавање на јазици:
Англиски
Работно исксутво:
По дипломирањето се вработува во фабриката за автобуси “11 Октомври”, Скопје, во комерцијалниот сектор.
Од 1973 до 1986 година врши работи на повеќе функции во Сојузот на синдикатите на Македонија, меѓу кои и член на Советот и Претседателството на ССМ.
Од 1986 до 1991 година е член на ЦК на СКМ и неговото Претседателство, а од 1989 година до 19 април 1991 година и претседател, период во кој СКМ е трансформиран во социјал-демократска партија.
Од 1986 до 1989 година е член на Сојузниот економски совет на бившата СФРЈ, а во 1988 година е член на Комисијата на Сојузната влада за економски реформи, кога дефинитивно се напуштаат основите на непазарната економија.
Во 1989 година ја формира и раководи Комисијата за економски и политички реформи во Република Македонија, чија цел е: воведување на систем на парламентарна демократија и пазарна економија.
Во 1991 година е шеф на делегацијата на Република Македонија во Собранието на бившата СФРЈ и претседател на Одборот за кредитно-монетарна политика.
Од 1991-1997 година е член на Советот на Народна банка на Република Македонија.
Во 1993 година ја основа Демократската партија, подоцна преименувана во Либерално-демократска партија, чиј претседател е до 1998 година.
Пратеник во Собранието на Репулика Македонија е од 1991 до 1994 година и од 19.11.1998 до 31.10.2002 година.
Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии е од 01.11.2002 до 05.11.2003 година.
Гувернер на Народна банка на Република Македонија е од 21 мај 2004 година.