Скопје, 7 јуни 2022
Како дел од предвидените активности на Народната банка во рамките на одбележувањето на јубилејот 30 години монетарна самостојност, дваесетина ученици од основното училиште „11 Октомври“, Скопје се натпреваруваа во едукативната игра „Заработете и заштедете“. На тројца ученици со најдобар резултат во едукативната игра, на почетокот на јуни, им беа доделени пригодни награди.
Станува збор за мобилна апликација на Народната банка на Република Северна Македонија којашто е креативно решение за зголемување на познавањата од областа на финансиската едукација и иновативен пристап ‒ видеоигра во која виртуелно се користи и се промовира македонскиот денар.
На натпреварот, преку игра, учесниците имаа можност да научат повеќе за вредноста на парите и да ги покажат своите вештини за паметно инвестирање на расположливите средства, но и за трошење на заработените пари ‒ повлекување готовина од банкомат, работа со орочени средства од штедна сметка во банка, можност за плаќање со готовина и со платежна картичка.
Едукативната игра „Заработете и заштедете“ е достапна за слободно преземање од интернет-страницата на централната банка, како апликација на „виндоус“ и „андроид“. Апликацијата може да се преземе на следнава врска:
https://www.nbrm.mk/edukativni_igri_fin_edu.nspx
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}