Скопје, 10 јуни 2022
Во рамките на одбележувањето на јубилејот 30 години монетарна самостојност, во текот на Глобалната недела на парите, Народната банка на Република Северна Македонија во соработка со Средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, на 23.3.2022 година, виртуелно одржа едукативен квиз за учениците од III и IV година.
На квизот учествуваа 75 средношколци кои одговараа на 20 прашања од доменот на работењето на Народната банка и банкарскиот систем преку платформата „Кахут“ (Kahoot.it), а главните фактори за одредувањето на победниците беа точните одговори и брзината на одговарање на прашањата.
На почетокот на јуни, Народната банка им додели награди на учениците кои ги освоија првите пет места според поените добиени на едукативниот квиз. Притоа, беше одржана и работна средба со раководството на Училиштето и со професорите кои учествуваа во подготовката на учениците за квизот, на која се разговараше за можните форми на натамошна соработка во оваа област.
Народната банка и во иднина ќе презема ваков тип едукативни активности за учениците од основните и од средните училишта во земјава, со цел да се зголеми нивото на финансиска писменост на учениците.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}