Од 21 до 23 ноември годинава ќе се одржи седмото издание на Деновите на финансиската писменост коишто ги организираат финансиските регулаторни институции, во соработка со приватниот финансиски сектор. Народната банка, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, упатува
ЈАВЕН ПОВИК
за сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска на следниве теми:
21. ноември: 12.00 Финансиска едукација за средношколци 14.00 Монетарната политика на Народната банка
22. ноември: 12.00 Информации потребни при избор на кредит 14.00 Осврт кон Законот за платежни услуги и платни системи
23. ноември: 12.00 Структура на финансискиот систем и осврт кон движењата во банкарскиот систем 14.00 Финансиска едукација за средношколци
Целта на овие активности е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
Презентациите се наменети за слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.
Сите заинтересирани лица треба да го најават своето присуство преку порака на:
- е-адресата: [email protected] или
- официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.
Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација / тема го најавува своето присуство.
Рок за пријавување: најдоцна еден ден пред денот на предавањето.