Што се колачиња?

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња

Политиката за колачиња
logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За Народната банка
    • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
    • Органи на Народната банка
    • Совет на Народната банка
      • Седници на Советот
      • Начин на работа на Советот на Народната банка
    • Извршен одбор
    • Гувернер
    • Вицегувернери
    • Комитети
    • Корпоративно управување
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавноста
      • Соопштенија за печат
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Говори
      • Интервјуа
      • Известувања
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
      • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
      • Офицер за заштита на личните податоци
      • Соработка
    • Организациска шема
    • Стратегија
    • Програма за работа
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
        • Билтени за проекти
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • Конференција на високо ниво
      • Деветта меѓународна истражувачка конференција
        • Фотогалерија
      • 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Vienna Initiative – Full Forum (22-24 March 2023), Skopje
        • Соопштенија
        • Фотогалерија
      • 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Осма меѓународна истражувачка конференција
      • Јубилеј 30 години монетарна самостојност
      • Работилница: Најдобрите практики за управување со човечките ресурси во банкарскиот систем во Република Северна Македонија, 10-11 ноември 2021 година
      • Виртуелна регионална работилница за статистика во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, 11 декември 2020 година
      • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда
    • Финансиска едукација
    • Музеј
    • Библиотека и архив
    • Кариера во Народната банка
      • Народната банка како работодавач
      • Вработување во Народната банка
      • Практична работа во Народната банка
    • Донации
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Извршен одбор за монетарната политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
        • Аукции на благајнички записи
        • Аукции на репо-трансакции
        • Дефинитивни трансакции
      • Задолжителна резерва
      • Расположливи депозити
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
      • Ликвидносна состојба на банкарскиот систем
    • Промени на основната каматна стапка на Народната банка
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Што е финансиската стабилност и како се одржува?
    • Финансискиот систем во Република Северна Македонија
    • Податоци и показатели
      • Показатели за финансиската стабилност
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Преглед на зелени показатели
      • Календар на објавување на податоци за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
    • Поставеност на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Соопштенија од Комитетот за финансиска стабилност
      • Стратегија за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Извештаи за Комитетот за финансиска стабилност
    • Дефиниција, опфат и цели на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
    • Улогата на Народната банка
    • Макропрудентни инструменти на Народната банка
      • Заштитни слоеви на капиталот
      • Мерки насочени кон кредитокорисниците
      • Други макропрудентни инструменти
      • Одлуки за поставеноста на макропрудентните инструменти на Народната банка
      • Макропрудентни извештаи
    • Публикации
      • Извештаи за финансиската стабилност
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Анкетни истражувања
      • Анализи и работни материјали
      • Обрасци
    • Стрес-тестирање на банкарскиот сектор
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
        • Предлог регулатива за доставување податоци во системот ИСИДОРА
    • Банкарски систем на Северна Македонија
    • Организациона структура на супервизијата
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
    • Спречување перење пари и финансирање на тероризам
      • Стратешки документи
      • Закон и подзаконски акти за спречување перење пари и финансирање на тероризам
        • Закон за СППФТ
        • Подзаконски акти на Народната банка
      • Меѓународни организации и национални институции
      • Меѓународни стандарди
      • Презентации
  • Платни системи и платежните услуги
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на Народната банка во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи и платежните услуги
    • Платежни институции, институции за електронски пари и оператори на платни системи
      • Издавање дозволи
      • Регистри
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
    • Порта за иновации
    • Споредете ги надоместоците за платежните услуги
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Дизајн на новите полимерни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2023 - 2027
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматните стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматните стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • Финансиски сметки
      • Статистика на финансиските сметки
      • Должнички хартии од вредност
    • СДДС Плус - Специјален систем за дисеминација на податоци плус
    • Основни економски показатели и цени на недвижности
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
    • НБСтат - Статистички веб портал
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Најнови макроекономски показатели
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на Народната банка
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Работни материјали
      • Анализи
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
        • 29. сесија 13.6.2018
        • 30. сесија 26.9.2018
        • 31. сесија 13.12.2018
        • 32. сесија 21.03.2019
        • 33. сесија 26.6.2019
        • 34. сесија 20.9.2019
        • 35. сесија 12.12.2019
        • 36. сесија 17.09.2020
        • 37. сесија 17.12.2020
        • 38. сесија 05.03.2021
        • 39. сесија 01.07.2021
        • 40. сесија 16.09.2021
        • 41. сесија 22.12.2021
        • 42. сесија 31.03.2022
        • 43. сесија 30.06.2022
        • 44. сесија 26.09.2022
        • 45. сесија 23.12.2022
        • 46. сесија 30.03.2023
        • 47. сесија 15.06.2023
        • 48. сесија 21.09.2023
        • 49. сесија 21.12.2023
        • 50. сесија 28.03.2024
        • 51. сесија 27.06.2024
        • 52. сесија 26.09.2024
        • 53. сесија 19.12.2024
        • 54. сесија 27.03.2025
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
      • Разно
    • Библиографии
    • Стратегии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи и платежните услуги
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање, пуштање во оптек и повлекување од оптек на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на решавањето банки
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки врз основа на Законот за финансиска стабилност
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи и платежните услуги
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
    • Циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
    • Интерна регулатива
      • Интерна регулатива од областа на корпоративното управување
  • Решавање банки
    • Решавање
    • Подготвителни активности
    • Инструменти за решавање
    • Минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски (МРЕЛ)
    • Фонд за решавање
    • Вреднување
    • Законска регулатива

Почитуван министер за финансии, г. Фатмир Бесими,

почитуван директор на Фондот за осигурување депозити, г. Амир Шабани,

почитувана претседателке на Македонската банкарска асоцијација, г-а Маја Стевкова-Штериева,

Драги колеги,

 

Ви благодарам на поканата и на дадената можност од името на централната банка да се обратам на овој настан, со којшто се одбележува Светскиот ден на штедењето. Враќајќи се назад на генезата и суштината на одбележувањето на овој ден, интересно е да се види дека во неговата основа е разбирањето на „штедењето како израз на зрелоста на индивидуите, но и општествата во целина“. Многу аспекти се втемелени во оваа теза, како финансиската писменост на секој поединец, довербата во институциите, развиеноста на економијата и капацитетот да се штеди, одговорноста на оние кои управуваат со заштедите и ги насочуваат во продуктивни цели за да се зголеми потенцијалот на целата економија.

Светскиот ден на штедењето, втора година по ред, го одбележуваме во пандемиски услови и оттаму ќе се задржам на неколку главни прашања коишто се особено релевантни заради продолжената здравствена криза.

Прво, какви се последиците од пандемијата врз обемот на штедењето и неговата структура?

Второ, дали новите околности го менуваат инвестициското однесување на населението и какви последици може да има врз финансиската стабилност?

Трето, кои се процесите коишто забрзаа и излегоа на површината заради пандемијата, а коишто се и можност за продуктивно искористување на штедењето и финансиска поддршка на одржливи проекти од страна на финансискиот сектор?

За разлика од други епизоди на криза, со пандемијата всушност се зголеми штедењето и овој процес е глобален феномен. Во развиените земји, оценетиот вишок на заштеди во 2020 година изнесувал близу 7% од БДП, покажувајќи дека се штедело повеќе во пандемијата, отколку во нормални околности. Во регионот на Западен Балкан, стапките на домашно штедење мерени како разлика помеѓу создадениот доход и вкупната потрошувачка на приватниот сектор и на државата забележаа благо намалување од околу 3 п.п. од БДП, но во услови на силна фискална потрошувачка за поддршка на економиите. Ова значи дека штедењето на приватниот сектор, и покрај големата рецесија, многу веројатно е дека останало релативно стабилно или растело. Има три причини коишто придонесуваат за ваквиот феномен. Прво, и покрај рецесијата, расположливиот доход не претрпе намалување, делумно и заради фискалниот импулс за поддршка на платите и работните места. Понатаму, со оглед на природата на кризата, рестриктивните мерки и ограничувањето на движењето, дел од населението се соочи со принудно намалување на потрошувачката, пред сѐ потрошувачка на различни услуги, којашто е карактеристична за лица со поголем доход и со поголем капацитет и склоност за штедење. Трето, со оглед на тоа што сите идни економски текови се условени од исклучително неизвесната епидемиолошка крива, во ваков амбиент, мотивот на претпазливост има голема улога во однесувањето на штедачите. И анкетите на Европската комисија и за нас, и за земјите на Западен Балкан покажуваат дека согледувањата на испитаниците во 2020 година и во 2021 година се во полза на ставот дека поради економската состојба во овој период, штедењето е поповолна одлука, во споредба со изминатите години. Воедно, анкетите на нашиот Завод за статистика покажуваат намалување на користењето на заштедите како извор на доход во текот на 2020 година.

Што се случува со штедењето во банкарскиот систем кај нас од почетокот на пандемијата наваму? Депозитниот потенцијал се зголемува со релативно сoлиден интензитет од над 8% на годишна основа, со што динамиката на зголемување е многу слична на онаа од периодот 2018‒2019 година. Ваквата динамика ни од далеку не наликува на случувањата за време на глобалната финансиска криза, кога за кусо време дојде до забавување на растот на депозитите, којшто од околу 20%, се сведе на околу 7% на годишно ниво. Овие трендови покажуваат дека склоноста за штедење и задржување на средствата во банкарскиот систем и натаму е висока. Штедењето на населението динамично расте, во рамките на историските трендови. Сепак уникатниот карактер на кризата остава последици врз неговата структура. Со оглед на непредвидливоста, склоноста за долгорочно штедење се намалува, а учеството на овие депозити во вкупните депозити на населението од април минатата година досега се намали за пет проценти поени. Од друга страна, кај корпоративниот сектор, стапките на раст се значително над историскиот просек, при воздржаност од инвестициска активност и раст на средствата. Минатите кризни епизоди се карактеризираа со намалување на корпоративните депозити, што покажува дека корона-кризата поттикнува различно однесување. Поради пандемијата се зголемува склоноста за држење ликвидност и штедење, во услови на изразена и продолжена непредвидливост.

Покрај растот на штедењето во банките, во услови на пандемија, забележителна е сѐ поголемата склоност на населението за инвестирање во недвижен имот. Всушност во услови на ниски каматни стапки, релативно стабилен расположив доход, намалени можности и потреби за потрошувачка, промена во моделите на работа, глобално се забележува зголемување на побарувачката за недвижен имот и на цените на недвижностите. За разлика од поголем број економски показатели, коишто колабираа во текот на пандемијата, цените на недвижностите бележат раст. Во земјите на ЕУ, во првата половина од оваа година, цените на недвижностите бележат просечен раст од близу 7%, наспроти растот од околу 4% во изминатите неколку години. Кај нас, растот на цените е поумерен од околу 4,4% во текот на оваа година, но со знаци на забрзување. Во целиот регион и кај нас, станбеното кредитирање забрзува и стапките на раст се подинамични во однос на растот на потрошувачките кредити. Се чини дека засега кај нас движењата на пазарот на недвижности се движат во согласност со поместувањата во понудата и побарувачката, а притисокот врз цените постои, но не е толку изразен, како што е во земјите од Европската Унија. Сепак, овој „пандемиски синдром“ треба внимателно да се следи, со оглед на тоа што сѐ повеќе се зголемува изложеноста на банкарскиот систем кон пазарот на недвижности. Оттука е потребно засилено следење и на овој дел од портфолиото и зачувување на капацитетот на банките за справување со можните идни шокови.

Банкарските системи, и во регионот, и кај нас добро го поминуваат тестот што го наметна пандемиската криза, а во следниот период ќе остане предизвикот за задржување на капацитетот за кредитна поддршка и истовремено одржување на стабилноста. Показателите за солвентноста, ликвидноста, профитабилноста на банките и квалитетот на кредитното портфолио и натаму се стабилни, а дел од нив и дополнително се подобрија. Но, кризата добива пролонгирана димензија и може да остави трајни последици и да наметне потреба од реструктурирање во дел од секторите на економијата. Во моментов, нарушувањето на глобалните синџири на снабдување во глобални рамки и растот на трошоците создаваат прекини во одредени индустрии и се еден од поголемите ризици за очекуваното економско закрепнување. Оттаму, приоритет во моментов е навремено следење на сите ризици и нивно навремено идентификување, заради намалување на товарот врз билансите на банките. Според, последната анкета на ЕИБ, дел од банките во поширокиот регион на ЦИЈИЕ очекуваат одредено зголемување на нефункционалните пласмани во следниот период. Поместувања во нагорна насока се можни и кај нас, но засега стрес-тестовите покажуваат доволна отпорност на банкарскиот систем, во услови на цврста регулаторна рамка, претпазливо однесување на банките и знаци за економско закрепнување. Политиката на централната банка засега е олабавена, со што придонесува за поволни услови на финансирање и економско закрепнување, во услови кога имаме доволно комфор во девизните резерви за реакција на евентуални шокови. Секако, со оглед на неизвесниот амбиент, постојано и внимателно ги следиме трендовите на сите показатели, релевантни за монетарната политика.

Во моментов, речиси во сите земји, со растот на штедењето се зголемуваат изворите за финансирање на банките и нивниот капацитет за поддршка на економијата, особено на пунктовите коишто ќе им одговорат на новите постпандемиски барања и ќе го зголемат потенцијалот за раст. Транзицијата кон зелена економија без сомневање е едно од прашањата коешто со пандемијата, од маргините, се помести кон јадрото на приоритетите. Склоностите и на потрошувачите, и на инвеститорите во глобални рамки се менуваат и сѐ поголем е „апетитот“ за т.н. зелени технологии и бизнис-модели. При вакви фундаментални, глобални структурни промени, и нашата конкурентност како економија ќе зависи од способноста за брза транзиција кон инфраструктура којашто ќе обезбеди производи со „зелен печат“. Во спротивно, можноста да се биде конкурентен и на пазарите на производи, и во пристапот до финансирање ќе биде мала, а трошоците високи. Финансиската поддршка од банкарскиот систем може значително да  ја забрза оваа транзиција и да помогне во зголемувањето на конкурентноста на домашната економија. Веројатно побрзо од очекуваното, светот се најде на крстосница кога треба да забрзаат структурните промени, да се забрза транзицијата кон дигитална и зелена економија, да се овозможи одржливо, постпандемиско глобално закрепнување. Улогата на финансискиот сектор во овој поглед е голема, бидејќи од неговата стабилност и подготвеност за финансиска поддршка, во голема мера, ќе зависи и капацитетот на целата економија за справување со новите предизвици.

На крајот, дозволете ми во името на Народната банка да го честитам Денот на штедењето, а посебни честитки да им упатам на овогодишните добитници на плакети ‒ признанија за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи.

 

Благодарам!

Скопје, 29 октомври 2021 година

Почетна За Народната банка Односи со јавноста Говори Вицегувернери
  • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
  • Органи на Народната банка
  • Совет на Народната банка
  • Извршен одбор
  • Гувернер
  • Вицегувернери
  • Комитети
  • Корпоративно управување
  • Цели и задачи
  • Транспарентност
  • Односи со јавноста
    • Соопштенија за печат
    • Говори
    • Интервјуа
    • Известувања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
    • Офицер за заштита на личните податоци
    • Соработка
  • Организациска шема
  • Стратегија
  • Програма за работа
  • Меѓународни односи
  • Конференции
  • Годишна награда
  • Финансиска едукација
  • Музеј
  • Библиотека и архив
  • Кариера во Народната банка
  • Донации
  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА

 

КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

EUR

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи 

5,35%

Расположлив кредит преку ноќ
5,85%
Расположлив депозит преку ноќ
3,95%

Расположлив депозит на седум дена

4,00%

  
Промени на основната каматна стапка

Стапки на задолжителната резерва на банки

Обврски со договорна рочност до 2 години:
во домашна валута
8,0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
21%
Обврски со договорна рочност над 2 години: 

во домашна валута
0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
5%
 


Операции на финансиските пазари

Аукции на благајнички записи
Аукции на државни хартии од вредност
Аукции на репо трансакции


Референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата

5,55% 

  

5,55

Каматни стапки на денарски депозити без валутна клаузула

2,73% 

СКИБОР

Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате проблем со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на телефонот за техничка поддршка: 3108 206. За останатите потреби телефонска централа 3108 108 | (контакт).

Народна банка на Република Северна Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • контакт
  • веб мапа
  • веб инфо
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • политика за колачиња
  • ЧПП
  • ново на социјалните мрежи
  • огласи за продажба на имот/отстранување отпад