Монетарни агрегати ‒ парична маса и нејзините компоненти
Паричната маса М1 ги опфаќа готовите пари во оптек и депозитните пари. Паричната маса М2 (ликвидни средства) ги вклучува монетарниот агрегат М1 и краткорочните депозити. Паричната маса М3 (стандардна дефиниција на паричната маса) ги вклучува монетарниот агрегат М2 и долгорочните депозити орочени од една година до две години. Паричната маса М4 (вкупен депозитен потенцијал на монетарниот систем) ги вклучува монетарниот агрегат М3 и долгорочните депозити орочени над две години, во денари и странска валута. Монетарниот агрегат М3 претставува меѓународно усогласена дефиниција на паричната маса на Република Северна Македонија.
Депозити кај банките и штедилниците
Депозитите кај банките и штедилниците на недржавниот сектор ги опфаќаат депозитните пари (тековните сметки), депозитите по видување, депозитите преку ноќ, орочените депозити и ограничените депозити. Депозитите се прикажани според секторската, валутната и рочната структура.
______________________________________________________________________________
Најнови остварувања:
Во март 2025 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3) забележа месечен раст од 0,6%. На годишна основа, растот изнесува 10,9% и произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити, долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек.
Во март, вкупните депозити остварија месечен раст за 0,6%, во целост поради зголемените депозити на корпоративниот сектор. На годишна основа вкупните депозити бележат раст од 12,7%, којшто произлегува од повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. Прочитај повеќе...
___________________________________________________________________




Архива на монетарни и кредитни агрегати
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 116 (или 110/108)