достапно само на англиски јазик
Автори: Билјана Јовановиќ и Никола Наумовски
Ефекти од реформата на минималната плата врз перформансите на фирмите - докази од Северна Македонија
достапно само на англиски јазик
Минималната плата претставува важен елемент од стратегиите за вработување и социјални политики со цел надминување на сиромаштијата и намалување на нееднаквоста, а нејзината примарна цел е да ги заштити работниците од неоправдано ниски плати. И покрај тоа што придобивките од минималната плата се јасни, сепак овој концепт често поттикнува дебати и дискусии за влијанието врз финансиската состојба на претпријатијата, а последователно и на нивното работење и профитабилност. Целта на овој работен материјал е да го истражи влијанието од зголемувањето на минималната плата во 2017 година врз исплатената просечна плата во фирмите, бројот на вработени, како и нивната профитабилност и продуктивност во Северна Македонија. Анализата за ефектите од реформата на минималната плата е направена со „разлики-во-разлики“ метод на естимации („difference-in-difference (DD)“) користејќи годишни податоци од околу 40.000 фирми за период од седум години (2013-2019), кои се активни во 18 економски сектори, согласно Националната класификација на дејности. Резултатите покажуваат дека зголемувањето на минималната плата нема статистички значајни негативни ефекти врз профитабилноста на фирмите во Северна Македонија. Истовремено, повисоката минимална плата е следена со пораст на продуктивноста, што потенцијално упатува на веројатноста дека фирмите апсорбирале дел од повисоките трошоци за плати преку зголемување на продуктивноста.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}