достапно само на англиски јазик
Автори: Мите Митески, Магдалена Петровска и Артан Сулејмани
достапно само на англиски јазик
Мерење на природната каматна стапка за македонска економија: мулти-моделски пристап
Трудот ја идентификува природната (рамнотежната) каматна стапка, за македонската економија, како показател за поставеноста на монетарната политика, користејќи квартални податоци почнувајќи од четвртиот квартал на 2001 година, па се до третиот квартал на 2019 година. Природната каматна стапка е стапка којашто ѝ овозможува на економијата да расте во согласност со потенцијалот, истовремено одржувајќи полна вработеност и инфлација којашто ја исполнува целта за стабилност на цените на централната банка. Проценката е направена со примена на различни типови на модели, како што се моделот на Holston, Laubach и Williams и структурниот МАКПАМ модел поставен за македонската економија. Емпириските резултати покажуваат дека природната каматна стапка се намалува со текот на времето, што е во линија и со наодите за други земји. Декомпозицијата на природната каматна стапка пак, сугерира дека главен двигател на падот е забавувањето на растот на потенцијалниот БДП во периодот по светската економска криза, иако има знаци за негово закрепнување на крајот од анализираниот период. Дополнително, резултатите укажуваат и дека во рамки на анализираниот период, а почнувајќи од четвртиот квартал на 2011 година, условите на монетарната политика во македонската економија се во голема мера поволни. Различните типови на модели користени во студијата упатуваат на конзистентност на суштинските заклучоци.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРСМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}