достапно само на англиски јазик
Автор: Рилинд Кабаши
Макроекономските ефекти на фискалната политика во Европската Унија, со посебен осврт на земјите во транзиција
достапно само на англиски јазик
Овој труд го анализира влијанието на фискалната политика врз макроекономските варијабли на краток и среден рок во земјите на Европската Унија (ЕУ), со посебен осврт на земјите во транзиција. Резултатите покажуваат дека експанзивниот фискален шок има позитивен, но релативно низок ефект врз економската активност, што веројатно го одразува периодот на глобалната криза, додека ефектите пред кризата се уште послаби. Влијанието на фискалната политика е условено од структурните карактеристики на земјите, при што фискалните мултипликатори се повисоки во новите земји членки, во земјите со низок јавен долг и ниска трговска отвореност. Експанзивната фискална политика е следена со раст на јавниот долг во старите земји членки, што делумно ја објаснува должничката криза во ЕУ. Материјалот обезбедува осврт на искуствата на земјите од ЕУ во доменот на фискалната политика и јавниот долг, упатувајќи на корисни сознанија за носителите на политиките.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}