Обработката на податоците за лицата укажувачи и лицата за кои има сомневање или сознание дека извршиле, вршат или ќе извршат казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или се загрозува јавниот интерес се врши заради исполнување на обврска утврдена во Законот за заштита на укажувачите и општите правни акти на Народната банка на Република Северна Македонија. Со заштитеното пријавување се пренесува разумно сомневање со цел да се добијат информации за сомневања или сознанија дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување од страна на вработен или член на Советот на Народната банка со кое се повредува или се загрозува јавниот интерес.
Народната банка ги обработува следниве категории лични податоци:
- име и презиме;
- електронска адреса;
- други податоци коишто можат да го откријат идентитетот на укажувачот, коишто тој самоиницијативно ги доставува во пријавата (доколку укажувачот е анонимен, не се врши обработка на лични податоци); и
- име и презиме за вработениот или членот на Советот на Народната банка и други податоци и информации (за сомневања или сознанија дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување од страна на овие лица).
Подетални појаснувања за заштитеното пријавување се содржани во:
- Законот за заштита на укажувачите;
- Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во Народната банка на Република Северна Македонија;
- Упатството за заштитено внатрешно пријавување во Народната банка на Република Северна Македонија.
Податоците се чуваат десет години.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}