При извршувањето на активностите коишто произлегуваат од законски определената функција на фискален агент, Народната банка ги обработува податоците за сопствениците на државните хартии од вредност. Неопходноста за користењeто на овие податоци од страна на Народната банка е поврзана исклучиво со спроведувањето на следниве активности: спроведување аукции на државни хартии од вредност, запишување на сопственоста на поединечните иматели на државни хартии од вредност во Централниот депозитар за хартии од вредност, како и посредување при исплата на достасаната главница и купони од државните хартии од вредност на физичките и правните лица сопственици на државни хартии од вредност.
Народната банка ги обработува следниве категории лични податоци:
- име и презиме;
- матичен број на граѓанинот или број на патната исправа (за нерезиденти);
- адреса;
- место на живеење;
- држава;
- сметка во банка;
- цена;
- државјанство; и
- номинален износ на доделени државни хартии од вредност.
Рокот на чување е најдоцна до 2 години по достасувањето на емисијата на државни хартии од вредност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}