Обработката на податоците за лицата кои се движат во штитениот простор на Народната банка се врши согласно со член 90 од Законот за заштита на личните податоци и Одлуката за определување на правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедување, заради заштита на животот или здравјето на луѓето, на вработените поради природата на работата, на сопственоста, на виталните информации и информатички системи, како и заради обезбедување контрола над влегувањето и излегувањето од службените простории само за безбедносни цели.
Народната банка ги обработува следниве категории лични податоци:
- физичкиот и физиолошкиот изглед на физичките лица кои влегуваат и излегуваат од службените простории на Народната банка,
- име и презиме;
- број на личната карта;
- име и презиме на работниците во Народната банка каде што се упатува посетителот;
- време на влегување;
- отпечаток од прст (само за двофакторска автентикација на администраторите на информатичкиот систем при влез во системска сала)
Податоците се чуваат: 3 години за евиденцијата на посетители; 30 дена за записите од видеонадзорот; 1 ден по одземањето на овластувањето за самостоен влез во системските сали за биометрискиот податок.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}