Обработката на податоците за физичките лица доносители на книжни и ковани пари коишто се несоодветни за оптек и коишто се повлечени од оптек се врши со цел да се идентификува лицето кое ги подигнува парите, односно да се потврди дека лицето кое ги доставило парите до Народната банка за замена е истото лице кое ги подигнува. Исто така, целта е да се има и увид во лицата и количините готовина коишто се доставуваат до Народната банка, квалитетот и начинот на оштетување, како и да се обезбеди информација за доносителот во случај да се утврди дека парите потекнуваат од криминални активности, или се доставени фалсификувани пари, или пари врз кои е дополнително интервенирано. Со евидентирањето на количините се има трага на поголемите донесени износи, коишто може да биле предмет на истрага на другите државни органи.
Народната банка ги обработува следниве категории лични податоци:
- име и презиме;
- број на лична карта или патна исправа;
- издавач;
- апоен, количина и износ на средства; и
- телефон за контакт.
Податоците се чуваат 5 години.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}