Автор: Маја Илиевска
Квалитет на кредитирањето наменето за финансирање на потрошувачката и на станбеното кредитирање на домаќинствата
Целта на оваа анализа е да се согледа динамиката и квалитетот на кредитирањето наменето за финансирање на потрошувачката и на станбеното кредитирање. Во овие рамки, воведените мерки од страна на Народната банка за ограничување на потенцијалните ризици од забрзаниот раст на долгорочните потрошувачки кредити, се оценуваат како ефективни. Имено, како резултат на спроведените мерки, банките одговорија со извесно забавување на брзиот раст на потрошувачките кредити, како и со намален обем на новоодобрени долгорочни потрошувачки кредити. Во однос на станбеното кредитирање на домаќинствата, со оглед на високото ниво на квалитет на овие кредити и релативно прудентните стандарди применувани од страна на банките во процесот на одобрувањето, не постојат знаци за загриженост и евентуалното остварување на кредитниот ризик од овие кредити е помалку веројатно.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}