Кована пара за колекционерски цели: „НАТАЛИЈА“
Аверс:
На аверсот е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.
Реверс:
На реверсот, во средишниот дел од монетата е претставена слика на света Наталија од Никомидија - ранохристијанска маченичка (почеток на IV век), сопруга на маченикот Адријан од Никомидија. На долниот дел е прикажана црквата на светиот маченик Адријан и преподобна Наталија, која се наоѓа во областа Добрјански (Русија), изградена на бреговите на реката Кама. На десната страна е прикажано семејство ежoви - симбол на името на Наталија. На левата страна е вметнат црвен кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Наталија (хелиотроп - крвав камен). На десната страна е напишано името „Наталија“ (на македонски и на руски јазик), а на левата страна се прикажани натписите: „Ден на Aнгел“ (на македонски јазик) и ознаката „Аg 925“.
Спецификација на монетата |
Име на кованата пара |
Наталија |
Име на серијата ковани пари |
Ден на Ангел |
Номинална вредност |
100 денари |
Метал |
сребро (Ag) 925 |
Тежина |
28,28 г |
Димензија, форма |
30 x 50 мм, овална |
Раб |
мазен |
Квалитет |
полирана со тампон печатење и вметнат кристал „сваровски“ |
Година на издавање |
2015 |
Цена |
3.500,00 денари |
|
|
Контакт |
Зоран Милетиќ [email protected] +389 2 3108 374 |
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
Доколку странката e заинтересирана и сака да купи некоја од расположливите ковани пари за колекционерски цели, потребно е да дојде лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, или да достави податоци за изработување профактура по е-пошта, или факс: 3 108 221, за да може да се изработат потребните документи (профактура) врз основа на кои ќе се изврши уплатата на паричните средства преку банка, на ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА: 100 0000000111 03.
Врз основа на приложениот заверен налог за уплатените парични средства, на странката ѝ се издава кованата пара за колекционерски цели, заедно со фактурата.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}