Кована пара за колекционерски цели: „ЛАВ“
Аверс:
На аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.
Реверс:
На реверсот е прикажан профилот на главата на лавот и соѕвездието коешто му одговара на хороскопскиот знак „Лав“, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс, круна со симболот на хороскопскиот знак „Лав“ и името на латински јазик.
Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.
Спецификација на монетата |
Име на кованата пара |
Лав |
Име на серијата ковани пари |
Хороскопски знаци |
Номинална вредност |
10 денари |
Метал |
сребро (Ag) 925 |
Тежина |
21,00 г |
Димензија, форма |
35 x 45 мм, овална |
Раб |
мазен |
Квалитет |
со позлата и вметнато кобалтно стакленце |
Година на издавање |
2014 |
Цена |
2.700,00 денари |
|
|
Контакт |
Зоран Милетиќ [email protected] +389 2 3108 374 |
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
Доколку странката e заинтересирана и сака да купи некоја од расположливите ковани пари за колекционерски цели, потребно е да дојде лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, или да достави податоци за изработување профактура по е-пошта, или факс: 3 108 221, за да може да се изработат потребните документи (профактура) врз основа на кои ќе се изврши уплатата на паричните средства преку банка, на ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА: 100 0000000111 03.
Врз основа на приложениот заверен налог за уплатените парични средства, на странката ѝ се издава кованата пара за колекционерски цели, заедно со фактурата.