Кована пара за колекционерски цели: „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - 1000 денари
Аверс:
На аверсот на монетата е претставена слика на манастирот Свети Наум и седум светци над него - свети Кирил и свети Методиј и нивните пет ученици: свети Наум, свети Климент, свети Сава, свети Ангелариј и свети Горазд. На долниот дел од монетата има натпис Република Македонија на македонски јазик. На горниот дел, на десната страна, е прикажан македонскиот грб, а на левата страна е прикажан апоен од „1000 денари“ на македонски јазик. Во средината, во горниот дел е претставена годината на издавање „2014“, а во средниот десен дел од монетата има ознака „Ag925“.
Реверс:
На реверсот на монетата се претставени портретите на свети Кирил и свети Методиј. Исто така, нивните имиња се напишани на македонски јазик над главите на светците и прикажан е украс по должината на периметарот.
Спецификација на монетата |
Име на кованата пара |
Кирил и Методиј |
Име на серијата ковани пари |
Икони на светци |
Номинална вредност |
1000 денари |
Метал |
сребро (Ag) 925 |
Тежина |
500 г |
Димензија, форма |
135 x 90 мм, правоаголна |
Раб |
мазен |
Квалитет |
со позлата |
Година на издавање |
2014 |
Цена |
49.000,00 денари |
|
|
Контакт |
Зоран Милетиќ [email protected] +389 2 3108 374 |
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
Доколку странката e заинтересирана и сака да купи некоја од расположливите ковани пари за колекционерски цели, потребно е да дојде лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, или да достави податоци за изработување профактура по е-пошта, или факс: 3 108 221, за да може да се изработат потребните документи (профактура) врз основа на кои ќе се изврши уплатата на паричните средства преку банка, на ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА: 100 0000000111 03.
Врз основа на приложениот заверен налог за уплатените парични средства, на странката ѝ се издава кованата пара за колекционерски цели, заедно со фактурата.