Кована пара за колекционерски цели: „ЕЛЕНА“
Аверс:
На аверсот е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.
Реверс:
На реверсот, во средината на кованата пара е прикажан ликот на света Елена (света Елена или Флавија Јулија Елена Августа), мајката на императорот Константин Велики. Таа е важна личност во историјата на христијанството поради големото влијание коешто го имала врз нејзиниот син и поради нејзиниот придонес за сместувањето на христијанството во срцето на западната цивилизација. Во долниот дел на кованата пара е прикажана црквата Свети Константин и Елена во Кривој Рог. На левата страна е прикажан јасен и неговите цветови - симболот на името Елена. На десната страна е вметнат кристал „сваровски“ кој наликува на калцедон - среќниот камен на Елена. Натписи: „Елена“ (на македонски јазик), „Ден на Ангел“ (на македонски јазик) и ознаката „Ag 925“.
Спецификација на монетата |
Име на кованата пара |
Елена |
Име на серијата ковани пари |
Ден на Ангел |
Номинална вредност |
100 денари |
Метал |
сребро (Ag) 925 |
Тежина |
28,28 г |
Димензија, форма |
30 x 50 мм, овална |
Раб |
мазен |
Квалитет |
полирана со тампон печатење и вметнат кристал „сваровски“ |
Година на издавање |
2015 |
Цена |
3.500,00 денари |
|
|
Контакт |
Зоран Милетиќ [email protected] +389 2 3108 374 |
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
Доколку странката e заинтересирана и сака да купи некоја од расположливите ковани пари за колекционерски цели, потребно е да дојде лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, или да достави податоци за изработување профактура по е-пошта, или факс: 3 108 221, за да може да се изработат потребните документи (профактура) врз основа на кои ќе се изврши уплатата на паричните средства преку банка, на ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА: 100 0000000111 03.
Врз основа на приложениот заверен налог за уплатените парични средства, на странката ѝ се издава кованата пара за колекционерски цели, заедно со фактурата.