Кована пара за колекционерски цели: „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“
Аверс:
На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани слики на св. Вера (со крст), св. Надеж (со сидро) и св. Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата Св. Трофим (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на св. Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите „100 денари“ и „2017“. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и ознаката („Аg 925“) и тежината на монетата („31.1g“).
Реверс:
На реверсот на монетата е претставена дигитално печатена слика на трите светици - св. Вера, св. Надеж и св. Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка, св. Софија (прикажана во релјеф). Имињата на сите светици се исковани на руски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
|
Име на серијата ковани пари
|
/
|
Номинална вредност
|
100 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
31,1 г
|
Димензија, форма
|
30 х 45 мм, правоаголна форма
|
Година на издавање
|
2017
|
Цена
|
3.800,00 денари
|
Контакт
|
Зоран Милетиќ [email protected] +389 2 3108 374
|
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}