Кована пара за колекционерски цели: „СВЕТА МАТРОНА МОСКОВСКА“

Аверс:
На аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2017“, ознаката „Ag 925“ и тежината на монетата „31.1 g“. Во централниот дел од аверсот е прикажан дел од Покровскиот манастир во Москва, каде што се наоѓаат моштите на света Матрона Московска. Во заднината е прикажана контура на Манастирот. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.
Реверс:
На реверсот, во централниот дел од монетата е прикажана слика на Матрона Московска, врз основа на делото од Покровскиот манастир во Москва. Околу централната слика се прикажани златни украси. На долниот дел од монетата е испишано: „света блажена Матрона Московска“ на руски јазик.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
света Матрона Московска
|
Име на серијата ковани пари
|
Икони на светци
|
Номинална вредност
|
100 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
31,1 г
|
Димензија, форма
|
30 x 45 мм, правоаголна
|
Година на издавање
|
2017
|
Цена
|
3.800,00 денари
|
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
Доколку странката e заинтересирана и сака да купи некоја од расположливите ковани пари за колекционерски цели, потребно е да дојде лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, или да достави податоци за изработување профактура по е-пошта, или факс: 3 108 221, за да може да се изработат потребните документи (профактура) врз основа на кои ќе се изврши уплатата на паричните средства преку банка, на ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА: 100 0000000111 03.
Врз основа на приложениот заверен налог за уплатените парични средства, на странката ѝ се издава кованата пара за колекционерски цели, заедно со фактурата.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}