Аверс:
На аверсот на монетата, во централниот дел е поставен грбот на Република Македонија. Под грбот е прикажана годината на издавање „2018“. Во горниот дел на аверсот е наведена деноминацијата - „10 денари“, а во долниот дел - името на земјата што ја издава кованата пара - „Република Македонија“ (и двете на македонски јазик). На двете страни долж вертикалните рабови има цветен украс.
Реверс:
На реверсот на монетата, во централниот дел се наоѓа портретот на св. Никола Чудотворец, со испечатен златен ореол и украс во позадината. Над портретот се поставени два розови кристала „сваровски“. Долж вертиканите рабови е испишано името на светецот чиј портрет се наоѓа во централниот дел на парата. Во долниот лев агол е испишана ознаката „Аg 925“.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
Св. Никола Чудотворец
|
Име на серијата ковани пари
|
Православни светци
|
Номинална вредност
|
10 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
7,00 г
|
Димензија, форма
|
17 x 24 мм, правоаголна
|
Раб
|
мазен
|
Квалитет
|
Полирана е со тампон печатење со златна прашина и содржи кристали „сваровски“
|
Година на издавање
|
2018
|
Цена
|
1.500,00 денари
|
Контакт: Зоран Милетиќ
[email protected]
+389 2 3108 374
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
Доколку странката e заинтересирана и сака да купи некоја од расположливите ковани пари за колекционерски цели, потребно е да дојде лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, или да достави податоци за изработување профактура по е-пошта, или факс: 3 108 221, за да може да се изработат потребните документи (профактура) врз основа на кои ќе се изврши уплатата на паричните средства преку банка, на ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА: 100 0000000111 03.
Врз основа на приложениот заверен налог за уплатените парични средства, на странката ѝ се издава кованата пара за колекционерски цели, заедно со фактурата.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}