Кована пара за колекционерски цели: „Среќен роденден“
Аверс:
На аверсот, во централниот дел на кованата пара е прикажана кошница полна со подароци и грбот на Република Северна Македонија. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „Република Северна Македонија“. На десната страна е прикажана годината на издавање - „2019“ . Сите натписи се на англиски јазик.
Реверс:
На реверсот, во централниот дел на кованата пара е прикажано насмеано бебе коешто носи капа и држи пелена во својата рака. По должината на периметарот на кованата пара е прикажан украс во вид на рачка на кошница. На долниот дел од кованата пара се претставени цвеќиња. Натпис на англиски јазик: „Среќен роденден“. На левата страна е прикажана ознаката „Ag925“.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
Среќен роденден
|
Име на серијата ковани пари
|
/
|
Номинална вредност
|
100 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
28,28 г (±0,50)
|
Димензија, форма
|
38,61 мм (±0,2), кружна форма
|
Година на издавање
|
2019
|
Цена
|
4.000,00 денари
|
Контакт
|
Зоран Милетиќ [email protected] +389 2 3108 374
|
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}