Кована пара за колекционерски цели: „Јарец“
Аверс:
На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото, и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Јарец. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од аверсот е прикажан грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
Реверс:
На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас Firmamentum Sobiescianum, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Јарец на вметнато кобалтно стакленце и симболот на хороскопскиот знак Јарец во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на козорог (наречен и дивокоза) на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак - CAPRICORNUS, а на десната страна ознаката „Ag925“.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
Јарец
|
Име на серијата ковани пари
|
Хороскопски знаци
|
Номинална вредност
|
100 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
23,30 г
|
Димензија, форма
|
37 x 37 мм, квадратна форма
|
Година на издавање
|
2018
|
Цена
|
2.800,00 денари
|
Контакт
|
Зоран Милетиќ [email protected] +389 2 3108 374
|
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}