Кована пара за колекционерски цели: „Година на кучето – богата година на кучето“


Аверс:
На аверсот, во центарот на монетата се претставени грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата - „2018“. Околу монетата (по должината на периметарот) се прикажани натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
Реверс:
На реверсот, во центарот на монетата е претставена слика на куче во боја што влече запрежна кола на две тркала исполнета со златни монети. Во заднината се прикажани листови од детелини. Над централната слика на монетата се наоѓа натписот: „БОГАТА ГОДИНА НА КУЧЕТО“ на англиски јазик.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
Година на кучето – богата година на кучето
|
Име на серијата ковани пари
|
/
|
Номинална вредност
|
100 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
28,28 г
|
Димензија, форма
|
38,61 мм, кружна форма
|
Година на издавање
|
2018
|
Цена
|
3.200,00 денари
|
Контакт
|
Зоран Милетиќ [email protected] +389 2 3108 374
|
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}