Кована пара за колекционерски цели: „Година на кучето – безбедна година на кучето“

Аверс:
На аверсот, во центарот на монетата се претставени грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата - „2018“. Околу монетата (по должината на периметарот) се прикажани натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
Реверс:
На реверсот, во центарот на монетата е претставена слика на куче во боја претставено како заштитник на домот - куче кое прегрнува куќа. Над куќата е прикажано небо со ѕвезди, Сонцето и Месечината. Во горниот дел од реверсот на монетата (по должината на периметарот), се наоѓа натписот „БЕЗБЕДНА ГОДИНА НА КУЧЕТО“ на англиски јазик.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
Година на кучето – безбедна година на кучето
|
Име на серијата ковани пари
|
/
|
Номинална вредност
|
100 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
28,28 г
|
Димензија, форма
|
38,61 мм, кружна форма
|
Година на издавање
|
2018
|
Цена
|
3.200,00 денари
|
Контакт
|
Зоран Милетиќ [email protected] +389 2 3108 374
|
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}