Кована пара за колекционерски цели: „Деловен успех и среќа“
Аверс:
На аверсот, во централниот дел на монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на западната хемисфера и скиптарот на Меркур, коишто се прикажани на основата на дрвено тркало во златна боја. По должината на периметарот е прикажано името на издавачот ‒ Република Северна Македонија. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Северна Македонија и годината на издавање на монетата – „2019“, како и апоенот „100 денари“. Сите натписи се на англиски јазик.
Реверс:
На реверсот, во централниот дел од монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на источната хемисфера. Над вметнатото стакленце се прикажани слики од ракување, старовремска локомотива и брод. На левата страна од реверсот е прикажан Меркур со скиптарот, а на десната страна ‒ слика на Фортуна која држи рог на изобилството. Под вметнатото стакленце се прикажани сидро и два запченика, а над нив натписот „Ag925“. На долниот дел од периметарот на англиски јазик е испишано: „Деловен успех и среќа“.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
Деловен успех и среќа
|
Име на серијата ковани пари
|
/
|
Номинална вредност
|
100 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
21,20 г (±0,50)
|
Димензија, форма
|
38,61 мм (±0,2), кружна форма
|
Година на издавање
|
2019
|
Цена
|
3.000,00 денари
|
Контакт
|
Зоран Милетиќ [email protected] +389 2 3108 374
|
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}