Комплет ковани пари за колекциоенрски цели: „ТРИПТИХ“
Комплетот ковани пари за колекционерски цели „Триптих“ го сочинуваат следниве ковани пари за колекционерски цели: „Исус Христос“, „Богородица“ и „св. Никола Чудотворец“.
Кована пара „Исус Христос“

Аверс:
На аверсот, во централниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот е прикажан украс по должината на периметарот.
Реверс:
На реверсот, во централниот дел од монетата е прикажан портретот на Исус Христос. Централната слика е претставена врз основа со украс. Над портретот е прикажано името на Исус Христос, како што традиционално се користи во иконописот.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
Исус Христос
|
Име на серијата ковани пари
|
|
Номинална вредност
|
10 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
10,0 г
|
Димензија, форма
|
30 x 22 мм, правоаголна
|
Година на издавање
|
2017
|
Цена
|
|
Кована пара „Богородица“

Аверс:
На аверсот, во централниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот е прикажан украс по должината на периметарот.
Реверс:
На реверсот, во централниот дел од монетата е прикажан портретот на Богородица. Централната слика е претставена врз основа со украс. Над портретот е прикажано името на Богородица, како што традиционално се користи во иконописот.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
Богородица
|
Име на серијата ковани пари
|
|
Номинална вредност
|
10 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
7,0 г
|
Димензија, форма
|
30 x 15 мм, правоаголна
|
Година на издавање
|
2017
|
Цена
|
|
Кована пара „св. Никола Чудотворец“

Аверс:
На аверсот, во централниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот е прикажан украс по должината на периметарот.
Реверс:
На реверсот, во централниот дел од монетата е прикажан портретот на cв. Никола Чудотворец. Централната слика е претставена врз основа со украс. Над портретот е прикажано името на cв. Никола Чудотворец, како што традиционално се користи во иконописот.
Спецификација на монетата
|
Име на кованата пара
|
св. Никола Чудотворец
|
Име на серијата ковани пари
|
|
Номинална вредност
|
10 денари
|
Метал
|
сребро (Ag) 925
|
Тежина
|
7,0 г
|
Димензија, форма
|
30 x 15 мм, правоаголна
|
Година на издавање
|
2017
|
Цена
|
|
Цената на комплетот ковани пари „Триптих“ изнесува 4.500,00 денари.
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected], или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
Доколку странката e заинтересирана и сака да купи некоја од расположливите ковани пари за колекционерски цели, потребно е да дојде лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, или да достави податоци за изработување профактура по е-пошта, или факс: 3 108 221, за да може да се изработат потребните документи (профактура) врз основа на кои ќе се изврши уплатата на паричните средства преку банка, на ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА: 100 0000000111 03.
Врз основа на приложениот заверен налог за уплатените парични средства, на странката ѝ се издава кованата пара за колекционерски цели, заедно со фактурата.